Емине Џепар раскажа дека руски војници силувале 11 годишно момче пред мајка му
Објавено во: Свет 12 Мај, 2022
Украинските власти тврдат дека руски војници силувале 11-годишно момче пред очите на мајка му.
Заменичката на украинскиот министер за надворешни работи, Емине Џепар, денеска изјави дека Русија ги врши најлошите кршења на човековите права на Европа во последните децении.
„Ова беа 10 недели чист ужас за луѓето во мојата земја. Мачења и исчезнувања, сексуално и родово насилство, списокот на руски злосторства е бесконечен. Само свет кој е солидарен со украинскиот народ може да помогне да се победи ова зло“, истакна таа.
Потоа пoкажа цртеж со црни линии. Вели дека цртежот го направило 11-годишно момче кое руските војници го силувале пред очите на неговата мајка. Објасни дека по силувањето, момчето комуницирало само преку цртежи затоа што било истрауматизирано. Обвинителството во Украина истражува стотици случаи на воени злосторства. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина.
Во околината на Киев се најдени илјадници тела на убиени цивили.