ЕЛЕМ вработува хигиеничари за 17.000 денари
Објавено во: Економија 10 Јули, 2018
АД Електрани на Македонија денеска објави оглас за пет работни места во Дирекцијата на АД EЛЕМ Скопје, за извршување на работи на неопределено време. од кои тројца хигиеничари во Службата за општи работи за основна плата од 16.988 денари.
Потребни се уште:
- 1 (еден) извршител на работно место „Одговорен референт за кореспонденција и подготовка на тендерска документација за меѓународни тендери" во Службата за меѓународни процедури, следење Договори, финансирање и изработка на инвестициони анализи. во Оддел за инвестиции, во Сектор за развој и инвестиции.
Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: VII степен, Филолошки факултетанглиски или германски јазик, Правен или Економски факултет, познавање на англиски или германски јазик, 1 година работно искуство.
Паричниот износ на основната плата е 35. 863 денари;
- 1 (еден) извршител на работно место „Одговорен референт за подготовка на договори од јавни набавки" во Службата за заеднички набавки. во Оддел за заеднички набавки, во Сектор за комерцијални работи.
Кандидатот покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнува и следните посебни услови: VII степен. Правен факултет, 2 години работно искуство.
Паричниот изеос на основната плата е 38. 083 денари.
Огласот трае три работни дена од денот на огласувањето.