14 Декември, 2025
0.0567

Екстремни групи го чекаат исходот од Охрид, се спремаат насилни протести во Србија

Објавено во: Балкан 18 Март, 2023 15:35

Добивај вести на Viber

Групи во Србија го чекаат исходот од она што ќе се случува денеска во Охрид на средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, а потоа планираат демонстрации во Србија. 

Екстремисти од неколку ултрадесничарски и проруски организации во Србија планираат насилни демонстрации, јави дописникот на МИА од Белград.

Според неименувани извори на „Блиц“, екстремистички групи го чекаат исходот од охридската средба и се надеваат на „потпишување на нешто“, односно парафирање на некаков обврзувачки договор меѓу Белград и Приштина, што би го сфатиле како доказ за наводното „предавство“ на Косово и причина за улични протести со насилство.

Синоќа илјадници припадници на српски десничарски партии и движења се собраа на протест пред Храмот „Св. Сава“ во Белград, од каде се упатија кон Кабиентот на претседателот Алексадар Вучиќ. Протестот насловен „Србија памети, брани, не дава“, го организираа движењето Двери, Нова ДСС, ПОКС и Заветници.  Европскиот план што го прифатија Косово и Србија на состанокот на 27 февруари во Брисел, а за чија имплементација разговараат Албин Курти и Александар Вучиќ во Охрид, има за цел страните да ги почитуваат меѓусебните суверени права, независноста, автономијата, суверенитетот, територијалниот интегритет, правото на самоопределување и заштита на човековите права и недискриминација. Планот предвидува признавање на релевантни симболи и документи со што би се овозможил слободен проток на луѓе и стоки. 

Косовскиот премиер Албин Курти е оптимист. На иста линија е и претседателот на ДУИ, Али Ахмети. 

Можеби ќе ве интересира

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?

(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?