02 Мај, 2024
0.0279

Екстра скапиот Рим: туристи платиле 64 евра за 4 сладоледи

Објавено во: Стил 27 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

64 евра за 4 корнети со сладолед. Толку платиле група британски туристи во Рим и останале шокирани кога ја виделе сметката од слаткарницата. Револтирани од како што велат грабежот на италијанските угостители, тие случајот го обелоденија во медиумите за да им укажат на туристите да внимаваат што и каде купуваат. „ Имам чувство дека сум ограбен, но нема што да направам“, изјавил едн од Британците кои дел од својот одмор го минувал во Италија. На ваквите обвинувања се огласија и дел од локалните политичарите кои побараа да се воведат казни за локалите кои наплаќаат срамно високи цени на странските туристи.