Добивај вести на Viber
Собранието ги изгласа законските измени со кои, меѓу другото, се предвидува работниците со авторски договор и договор на дело исто така да си плаќаат придонеси на приходите.
Невработените кои ќе склучат ваков вид договор веднаш ќе се бришат од евиденција, а по истекот на договорот ќе треба одново да се пријават.
Според објаснувањето на Министерството за финансии, од дополнителни придонеси ќе бидат ослободени само работниците кои имаат плата поголема од шест просечни плати. Во спротивно и тие ќе треба да плаќаат придонеси за остварените екстра приходи надвор од редовната плата.
„Плаќањето на придонесот од пензиско и инвалидско осигурување на одделните видови на приходи ќе им овозможи на лицата да остварат поголеми бенефиции од пензиското осигурување, осносно повисока пензија“, велат од Министерството.
Огромните законски измени беа донесени без јавна расправа, по скратена постапка. Со нив се воведе и можноста работникот да избере дали ќе се пензионира со навршени 62 години за жени и 64 години за мажи или ќе си го продолжи работниот век за максимум три години.
Според експертите, ваквите измени се доказ за катастрофалната состојба во која се наоѓаат фондовите.
РЕАКЦИИ: Што ќе донесат новите закони за пензискиот стаж и придонесите?
Плаќањето на придонесот од пензиско и инвалидско осигурување на одделните видови на приходи ќе им овозможи на лицата да остварат поголеми бенефиции од пензиското осигурување, осносно повисока пензија