03 Мај, 2024
0.0269

Експерти смируваат: Зголемената радијација во Европа не е опасна за луѓето

Објавено во: Свет 23 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Веќе неколку недели во воздухот над Европа се мерат големи количества на радиоактивен јод 131. 

Германски експерти се сомневаат дека крај Северниот пол имало атомски инцидент, од кој е распрснато зрачење. Причината за зголемената радијација е сеуште нејасна. 

Јод 131 е забележан над Германија, Финска, Полска, Чешка, Франција, Шпанија. Според Федералната служба за заштита од радијација вредностите на опасност  јод 131 се зголемени, но сеуште премногу ниски за да претставуваат опасност за здравјето на луѓето. 

Рокот на полураспаѓање на јод 131 трае околу осум дена и затоа се претпоставува дека некаде во Северното Море имало инцидент на почетокот на јануари. Највисоките вредности на радијација се измерени во Норвешка и Франција, но и тие не се опасни за луѓето.

Сомневањата за нуклеарен инцидент се засилија, откако на 17 февруари САД испратиле свој авион, опремен да ја мери радиационата позадина. Авионот од типот WC-135C направил неколку обиколки над Британија. Според британските медиуми Русија тестирала нуклеарна експлозија на остров Новаја земља во Северното Море. Геолози пак го отфрлија ова сомневање, бидејќи не е откриена сеизмичка активност.

Според експерти, најверојатно руска атомска подморница која потонала испуштила големо количество радијација и таа е откриена над Европа. На дното на Баренцово Море лежат десетици делови од потоната нуклеарна подморница на Русија. Според германски специјалисти не треба да се занемарува и тезата дека производителот на радиоактивни лекови претрпе хаварија. Сеуште ниту една од овие теории не е потврдена.

Можеби ќе ве интересира

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

НАПАД СО ДРОН: Украинците погодија рафинерија во Русија

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

ОД УКРАИНА НЕМА РЕАКЦИЈА: Русите објавија дека зазеле село кај Авдеевка

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

MAКРОН: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот, ќе пратиме војници во Украина

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

350 милиони долари осигурителна штета за урнатиот мост во Балтимор

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

ЕВРОПСКИТЕ ЛЕТА ЌЕ БИДАТ ДУРИ И ПОТОПЛИ ОД ОЧЕКУВАНОТО - верувале или не, причина е сѐ почистиот воздух

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

Почина уште еден свиркач кој предупреди на дефекти во „Боинг“

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место