Екс-амбасадор на ВМРО-ДПМНЕ нападнат од вмровец пред референдумот
Објавено во: Македонија 29 Септември, 2018
Поранешен амбасадор на Република Македонија во една од европските држави, инаку близок до ВМРО-ДПМНЕ, физички бил нападнат синоќа, во еден од угостителските објекти во центарот на Скопје, објави Цивил.
Лицето што прво го нападналo екс-амбасадорот вербално, со зборовите „предавник“, „го продадовте името“ и слично, го пцуел и навредувал, за потоа да му зададе и силен удар во задниот дел од главата, по што нападнатиот паднал. Нападнатиот ја задржал присебноста и не одговорил на нападот.
Неофицијално дознаваме дека напаѓачот е син на еден поранешен градоначалник. Според сведоштвата, непосредно пред нападот, тој ја малтретирал и својата придружничка. Случајот е пријавен во полиција.
Поранешниот амбасадор, инаку, е познат по своите јавни настапи за поддршка на референдумот.