08 Мај, 2024
0.1411

Економски раст со демократија во рецесија

Објавено во: Економија, Колумни 23 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Постојано сме опсипани со информации дека македонската економија во изминатите   години остварува  повисоки стапки   од  повеќето земји во ЕУ, дека во континуитет се  намалува невработеноста, дека расте  извозот на странските инвеститори. Дури, што би рекол премиерот, растат и девизните резерви, иако премиерот не  кажува, дека тоа е  резултат на зголемување на долгот спрема странство. И додека се’ расте, на општествената сцена превладува чувството и сознанието дека, покрај растот на сиромаштијата, демократијата се’ повеќе тоне во рецесија. Рефлексија на ваквите процеси е и трендот на емиграција на населението, од 300-400.000 во последниве десеттина години. На сцена се и досега невидени протести поради незадоволство на вработените во образованието, на студентите, на хонорарните работници и овие последните, протести на граѓаните кои неможат да поверуваат што тоа слушаат од „слушалките“ на прислушувачите. Тоа  значи дека со години компресираното незадоволство веќе избива на површина   и  се прелева на улица и покрај растот на економијата. И сега, наместо да  пристапи кон демократски одговор на проблемите, власта ја потврди на јавна сцена својата „цврста“ сила во менаџирањето на општествените случувања, сметајќи дека нема потреба од било какво мешање на јавноста и на заинтересираните во решавањето на проблемите. Сметаат дека имаат мандат  работите да ги извршуваат онака како што тие сметаат дека е најдоборо, притоа не обѕирајќи се на реакцијата на граѓаните. Меѓутоа, за жал, власта  заборава дека  начинот на кој  треба да се решаваат проблемите  мора да биде во согласност со уставот и законите. Неприфатливи се дури и ефикасни решенија, ако се донесуваат спротивно на основните правни норми, бидејќи толеранцијата на противзаконското работење води кон авторитарност и анархичност, води кон разнебитување на демократијата во земјата, а поради тоа и на самата земја. Веќе е очигледно дека  актуелната власт во изминатиот период „сите карти“ ги  стави на остварување на економскиот раст, а демократијата ја  третираше како пречка на економскиот подем. За остварување на растот го  искористи сиот арсенал на мерки, вклучувајќи го и   рапидниот  пораст на задолжување и одобрувањето на невидени погодности  и олеснувања на странските инвеститори своите бизниси да ги водат од Македонија. Меѓутоа, сето тоа не помогна да оствариме задоволителни стапки на економски раст со кои би почнал да се подобрува животниот стандард на вработените и населението. Со она што го дава на економски план,  не само што не ги подобрува состојбите туку ја заострува нееднаквоста и противречностите меѓу сиромашните и богатите, по исчезнувањето на средната класа.  Има земји кои и без голем пораст на долговите и без странски директни инвестиции остваруваат повисоки стапки на раст, како што е  Уругвај. Нашиот  економски модел  е разнишан. Потребата за преиспитување на нашиот модел засега неможе да ја види само власта. Таа брза да ги реализира „илјадниците“ проекти. За неа декократијата е пречка, а не моделот на развој и недемократските процеси. Како да е нормално развојот да се остварува во недемократска атмосфера. А големо прашање е дали е тоа оправдано дури и кога со тој модел би се остварувале и повисоки стапки на раст, доколку ефектите од тоа не се порамномерно распределени во општеството. Без порамномерна распределба нема демократија, а без неа ќе се доведе во прашање и економскиот раст. Во овој контекст тешко е да се каже дали се работи за примена на модел  чии последици, како што е рецесијата на демократијата, се вкалкулирани во „сметката“ на развојот. Симптоматично е што за ова прашање воопшто нема изјаснување од страна на претставниците на власта. Тие работат 24/7. Немаат време да расправаат за демократски „дребулии“.  Затоа не видоа проблем  во настаните во врска со донесувањето на буџетот за 2013 година, кога опозиционите пратеници беа исфрлени од Собранието од безбедносните органи во координација со извршната власт. Не гледаат проблем ниту во партизацијата на државата, преку партизација на администрацијата и државните институции. Не им смета партизираното судство и новинарство, ниту селективноста во борбата против корупцијата. Не им смета ниту нетранспареноста во работењето на министерствата и владините институции. Мислат дека се’ се покрива со растот. Бомбите од опозицијата недвосмислено покажаа дека и правата и слободите на граѓаните им биле и се последна дупка во свиралото на власта. Граѓаните за неа не се субјекти туку маса која може да се манипулира и насочува во поддршка на владините политики, а кога тоа не е можно врз договорна основа, се остварува и со втерување на страв и насилство. Во одбрана на  своите постапки тие се подготвени да продолжат со поделбите на населението дури и по линија на патриоти и предавници  во македонското население. И не само да ги поделат туку и да ги конфронтираат во одбрана на нивната кауза, на партиските и фамилијарните интереси на врвот на власта. Во тој интерес не ги расколебува ниту невидениот скандал со прислушување на над 20.000 граѓани, ниту насилните и криминални постапки и однесувања на врвните носители на власта, документирани во лентите и транскриптите. Тие се  доволни, од морални причини, за оставка од функциите на споменатите актери во настаните. За судска разврска не коментирам, зошто од приложеното, во овие услови таа и неможе објективно да биде спроведена. Тоа значи дека за задоволување на правдата ќе треба да почекаме, затоа што тоа е единствениот предуслов да започне процесот на излегување од длабоката рецесија во која е западната македонската демократија. Во овие услови сосема е ирелевантно дали имаме   два или три ипол проценти раст. Народот   е безадежно сиромашен и со пари и  со демократија, а богат со разновидни  стравови  и неизвесност. И само борбата за демократија може да направи пресврт кон остварување на задоволителни стапки на економски раст. Д-р Крсте Шајноски        

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување