18 Мај, 2024
0.1721

ЕКОНОМИЈА ПОД ПРИСМОТРА: Македонија ќе мора да скусува трошоци и да пази на задолжувањата!

Објавено во: Економија 30 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Македонската економија ќе има раст од 3,2% годинава, оцени Светската банка, но растот ќе биде погоден од реперкусиите од неодамнешните политички настани. Главни двигатели на растот ќе бидат  јавните инвестиции и извозот поврзан со СДИСепак, тековната политичка несигурност претставува ризик за намалување на економијата, особен за инвестициите и потрошувачката. И ескалацијата на тековната бегалска криза може да претставува ризик, особено за сметките на владата, стои во извештајот на СБ. СБДа се скусат непродуктивните трошења Во јули 2015 владата усвои ребаланс на буџетот со кој ги зголеми расходите и таргетираше повисок дефицит. Извршувањето на буџетот во првата половина на годинава беше релативно добро, констатира Светска банка. При тоа се потенцира дека приходите се зголемија за 14 проценти главно благодарејќи на повторното воведување на данокот на добивка и на успешноста на наплатата на придонесите, акцизите и на персоналниот данок од доход. „Но, од друга страна, расходите во истиот период се зголемија само за 5 проценти Наместо поголемите приходи да ги искористи за рана исплата на фискалните обврски, владата се одлучи да донесе ребаланс на буџетот со кој се предвидуваат повисоки расходи за плати во јавниот сектор, пензии и социјални трансфери во П2 2015 од околу 0,2 проценти од БДП. И субвенциите и каматите се очекува да се зголемат за по 0,2 проценти од БДП. И капиталните расходи беа зголемени за 0,2 проценти, но имајќи ја предвид нивната поранешна успешност, тешко е веројатно дека ќе се реализираат. Како резултат на тоа владата го зголеми очекуваниот фискален дефицит од 3,5 на 3,7 проценти од БДП. Ревидираниот дефицит е повисок од нивото објавено во Среднорочната фискална рамка 2015 – 2017 година,“ стои во изветајот на СБ. Јавниот долг ќе расте [caption id="attachment_172162" align="alignright" width="431"]vlada Наместо поголемите приходи да ги искористи за рана исплата на фискалните обврски, владата се одлучи да донесе ребаланс на буџетот со кој се предвидуваат повисоки расходи за плати во јавниот сектор, пензии и социјални трансфери[/caption] Јавниот долг како процент од БДП се намали во првата половина од 2015 година, но се очекува повторно да се зголеми откако владата повторно го зголеми домашното задолжување. Јавниот долг во првата половина од годината беше 43,7 проценти од БДП, што претставува намалување од 46 проценти на крајот од 2014 година. Ова намалување беше предизвикано од пораната отплата на преостанатиот долг кон ММФ (173 милиони УСД). „Меѓутоа, со ребалансот на буџетот се очекува да се промени структурата на финансирање во втората половина на годината од во најголем дел странско кон во најголем дел домашно задолжување (со повисока каматна стапка и покус рок на доспевање). Владата издаде нови домашни обврзници во износ од 121 милиони евра во првите седум месеци од 2015 година и планира да издаде уште 263 милиони до крајот на 2015 година за да ги покрие дополнителните расходи, отплатата на Еврообврзницата во износ од 150 милиони евра што доспева во декември 2015 година и за рано финансирање на дел од дефицитот за 2016 година, стои во извептајот на СБ. Политичките тензии намалени, но остануваат латентни Политичките тензии се намалија, но остануваат латентни додека политичките партии преговараат за преодниот период до изборите во април 2016 година., пишува во извештајот на СБ. [caption id="attachment_167185" align="alignright" width="497"]han i lideri Според овој договор, сегашниот премиер треба да отстапи од должноста во јануари 2016 година и наместо него да се избере преоден премиер кој ќе формира влада со конкретен мандат да ги организира предвремените избори.[/caption] Со посредство на ЕУ и САД, политичките партии успеаја да постигнат договор за преодниот.период до изборите во април 2016 година. Според овој договор, сегашниот премиер треба да отстапи од должноста во јануари 2016 година и наместо него да се избере преоден премиер кој ќе формира влада со конкретен мандат да ги организира предвремените избори. Исто така, политичките партии преговараат за целосен сет реформи вклучувајќи: назначување специјален јавен обвинител со мандат да ги истражува можните кривични дела поврзани со објавените телефонски разговори на владини функционери, назначување нови министри и заменици министри во клучни министерства, предложени од опозицијата,  промени во изборниот систем во земјата, вклучувајќи ги и државната изборна комисија и избирачкиот список. Согласно овој договор опозицијата се согласи да се врати во собранието во септември 2015 година, објаснува СБ. Косово со највисока стапка на невработеност Во земјите од ЈИЕ6 највисока стапка на невработеност има Косово, отоа БИХ, и Македонија. Додека најмала стапка на невработеност има  Албанија. Но, во Албанија е забележано дека стпката на невработеност во последните години се зглемува. Раст на невработеност има и во Косово, додека во Србија, Црна Гора, Македонија и БИХ ја намалуваат невработеноста. [caption id="attachment_83060" align="alignright" width="466"]prikazna-siromasniot-bogatas Во Македонија, сиромаштијата се очекува да продолжи да се намалува во следните неколку години.[/caption] Со оглед на тоа дека се создаваат малку работни места и со оглед на високото ниво на неформалност, намалувањето на сиромаштијата ширум регионот на ЈИЕ6 не е најсјаен од 2008 година. Домаќинствата во голема мера се потпираат на пензиите, социјалната помош и надоместоците кои претставуваат половина од нивните приходи. Фискалните трошоци на социјалните трошења се значителни, односно во просек изнесуваат 13,4 проценти од БДП. Во исто време постојат големи можности за тековните програми да се направат поефикасни, главно преку поделотворно насочување на надоместоците и прераспределба на средствата во нови програми односно поитни потреби. „Во Македонија, сиромаштијата се очекува да продолжи да се намалува во следните неколку години. Позитивниот економски раст во 2014 година и очекуваните позитивни стапки за периодот 2015-2017 година би требало и понатаму да ја потиснуваат сиромаштијата како резултат на новите работни места во градежништвото (движено од главните инвестиции), производството и извозните дејности. Зголемувањето на социјалните надоместоци се очекува да придонесат за понатамошно намалување на сиромаштијата во 2015 година и понатаму да имаат важна улога во следните години иако постои загриженост околу нивната фискална одржливост. Земјоделскиот сектор имаше бавен раст и беше нестабилен во последните години и со тоа значителното намалување на руралната сиромаштија на краток рок не е веројатно, посочуваат во СБ. SB Јавниот и јавно гарантираниот долг во земјите на регионот ЈИЕ6 и понатаму полека се зголемуваат. Од 2008 година јавниот долг се зголеми не само во Албанија, Црна Гора и Србија, кои имаат најголеми односи помеѓу долговите и БДП од околу 70 проценти, туку и во преостанатиот дел од регионот. За финансирање на постојаните фискални дефицити, просечниот јавен долг, вклучувајќи ги и гаранциите се зголемија за скоро 20 проценти од БДП помеѓу 2009 и 2015 година. Со оглед на ниското ниво на раст и инфлација во целиот регион ЈИЕ6, намалувањето на односите помеѓу долгот и БДП стана уште потешко. Досега, трошоците за камати не вршат голем притисок врз јавниот долг бидејќи монетарните политики на напредните економии сѐ уште се толерантни. Меѓутоа, Србија, меѓу другите економии, бележи зголемување на долгот поради зајакнувањето на американскиот долар. Иако, на краток рок, приносите од државните обврзници може и понатаму да се на ниско ниво, особено во Еврозоната со квантитивното олеснување на Европската централна банка, сепак во изминатиот период сепак се покачија, предизвикувајќи зголемување на приносите на пазарите во развој. Светските каматни стапки секако ќе се зголемат по завршувањето на монетарната стимулација, што за економиите на регионот ЈИЕ6 значи повисоки трошоци за управување и рефинансирање на долговите. Како што беше претходно спомнато, аа време на транзицијата, најверојатно ќе има периоди на засилена нестабилност. SB1 „Ограничениот простор за флексибилност на монетарната политика и дава дополнителен момент на фискалната консолидација. Градењето фискални механизми за ублажување на идните шокови може да им помогне на Албанија, Македонија и на Србија поефикасно да го користат ограничениот простор што го има монетарната политика за поддршка на растот. Меѓутоа, секое олабавување на монетарните услови треба да биде проследено со постојани напори за подобрување на финансиската стабилност за да се ограничи, на пример, зголемувањето на преземањето финансиски и корпоративни ризици и секое влошување на квалитетот на кредитите“, се наведува во извештајот. Светската банка посочува дека е потребно, внимателното подредување по приоритет на економските политики е од есенцијално значење за делотворно справување со овие ризици. Со скоро 4 проценти од БДП во просек ширум регионот, фискалните дефицити се проблематични во услови кога јавниот долг бргу се зголемува. „Потребни се одржани реформи за да се обезбеди макроекономска и фискална стабилност, особено со оглед на затегнувањето на условите за финансирање, како и за да се прошири просторот за користење на фискалните политики за ублажување на идните потреси. Меѓу другите цели, напорите при спроведување на фискалните реформи треба да придонесат за: надминување на структурните буџетски крутости; подредување по приоритет и рационализација на расходите во насока на продуктивни инвестиции и зголемување на квалитетот на јавните услуги; расчистување на заостанатите обврски на јавниот сектор; подобрување на наплатата на приходите, проширување на основата за плаќање на даноците; како и намалување на даноците на трудот. Со оглед на ниското ниво на инфлацијата во регионот и недоволните резултати очигледни во сите економии на земјите од ЈИЕ6, постои одреден обем за краткорочно монетарно олеснување, особено во земјите со независни монетарни политики каде фискалните дефицити почнаа да се намалуваат. Сепак, мора да се внимава да се обезбеди усогласеност со надворешните биланси за да се избегне ризикот од негативни валутни движења, што пак може да изврши притисок врз билансите на корпорациите, домаќинствата и јавниот сектор, особено онаму каде голем дел од долгот е изразен во странски валути, посочуваат од СБ за земјите од ЈИЕ6. SB12С.Н.  

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа