18 Мај, 2024
0.0339

ЕК продолжува да бара решение за визите за турските граѓани

Објавено во: Балкан 25 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Европската комисија продолжува да бара решение за случајот за укинувањето на визите за турските граѓани, стана јасно за време на традиционалниот брифинг во Брисел. Олеснување на визниот режим беше дел од договорот меѓу ЕУ и Турција за ограничување на бегалскиот притисок.

Брисел сепак постави услов Турција да ги исполни сите потребни услови за укинување на визите. Во оваа фаза земјата не исполнила 7 од вкупно 67 барања, a едно од нив е барањето на ЕУ за промена во антитерористичкиот закон, потврди портпаролот на ЕК Маргаритис Схинас. Во декември ќе биде објавен новиот извештај на Комисијата за напредокот на Турција на нејзиниот пат кон членство во ЕУ.

Схинас беше категоричен дека во ЕК не се откажале да го направат успешен договорот меѓу ЕУ и Турција за бегалците и на случајот работат комесарот за миграцијата Димитрис Аврамопулос и Франс Тимерманс, одговорен за владеењето на правото во ЕУ.

Не сите контакти помеѓу европските и турските власти, вклучително и на ниво лидери, стануваат јавно познати, додаде тој и анонсира дека следната недела министерот за европски прашања на Турција ќе биде во Брисел.

Во четвртокот пратениците во Европскиот парламент гласаа за замрзнување на преговорите за членство на Турција во ЕУ. Тие се мотивирани по ова барање со кршењето на човековите права, што се случува во последните месеци во земјата по обидот за преврат против турскиот претседател.

Во одговор на тоа Реџеп Таип Ердоган предупреди дека ќе ги отвори границите на земјата и ќе овозможи слободно движење на имигрантите кон ЕУ. Во моментот на турска територија има околу 3 милиони бегалци.

Маргаритис Схинас посочи дека Необврзувачката резолуција на ЕП треба да биде разгледана само како „дел од сложувалката“ во односите меѓу ЕУ и Турција. Тој потсети дека одлуките во ЕУ не се донесуваат самостојно од една институција.

За време на брифингот Схинас коментира дека во ЕК се запознаени со она што се случи во кампот крај Харманли Бугарија минатата ноќ. Портпаролот на Комисијата додаде дека постојат начини за враќање на мигрантите, кои не сакаат да се вратат во своите родни места и додаде дека ЕК може да помогне со постапката.

Можеби ќе ве интересира

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!