19 Мај, 2024
0.0256

ЕГЗОДУС: Докторите ни заминуваат, до кога?

Објавено во: Економија 19 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Како што покажуваат најновите податоци на Агенцијата за вработување, во Македонија, невработени се 14.135 лица со високо образование.

Она што се забележува е дека расте бројот на магисти и доктори. Од нив, 927 се магистри, а 31 се доктори на науки. Магистри, најмногу има правници и економисти, а сличен е случајот и кај оние со докторат, каде покрај нив се јавуваат и доктори со завршени филозофски науки.

Затоа не е случајно што овие луѓе си ја бараат среќата надвор.

Бавен процес на напредок во кариерата, партизирани институции, низок стандард и плати кои не одговараат на квалификациите, ова според дел од експертите се клучните причини зошто се зголемува одливот на  “мозоци“ од земјава.

Во последните 20 –тина година Македонија се соочува со интелектуален егзодус. Не толку висината на платите, колку другите фактори, како  подобри услови за работа, шанса за побрзо напредување во кариерата, ги тераат високостручните кадри работната кариера да ја градат во странство. Според анализите профилот на високообразованите македонски стручњаци кои се одлучуваат да работат во странство е различен, но најчесто тоа се машински и електро инженери, информатичари, доктори.

Ова одговара на податоците од заводот за вработување.

На пример, лани магистрирале дури 2 202 лица, што на популација од речиси 2,5 милиони е огромна бројка. Споредено со 2012, кога магистрирале 1 000 лица, бројот е дуплиран.

Лани се регистрирани нови 246 доктори на науки, а во 2012 година таа бројка беше 146.  Во 2009 година овие бројки беа 425 магистри и 119 доктори на науки.

-Има неколку фактори кои влијаат на зголемувањето на одливот на мозоци. Ќе набројам неколку, несоодветно вработување во споредба со образованието, неадекватни плати во однос на искуството и образованието, отсуство на почит и ценење на квалитетниот кадар, неприлагодена понуда за потребите на пазарот. Мислам дека клучно за да ги задржиме овие вискоквалификувани кадри е понуда на адекватно работно место а тука мислам на бенефициите, можноста за напредок и заштита на работничките права, и секако адекватна плата. Од круцијално значање за развојот на нашето стопанство и севкупната економија е да се работи на изнаоѓање начини за овие висококвалификувани кадри останат да работата во земјава, изјави неодамна за Фактор, политикологот Соња Стојадиновиќ.

Анализите на дел од невладините организации  покажуваат дека не само високообразовните кадри, туку генерално се повеќе млади лица иднината ја гледаат во западно европските  и преку океанските земји.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа