ЕДС и Грчкото електростопанство свртеа милионски приходи на слободниот пазар на струја во Македонија
Објавено во: Економија 08 Јули, 2019
ЕДС Скопје е трговецот број еден во сегментот слободен пазар на електрична енергија кај големи и мали потрошувачи и воопшто на слободниот пазар на струја за годината 2018-та со заработени 72,9 милиони евра лани.
Ова го покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика за минатата година, според која компанијата која лани беше продадена на Грчкото електростопанство учествува со точно 50 отсто во распределбата на пазарот во својот сегмент.
Инаку оваа компанија на слободниот пазар учествува заедно со уште 41 друга, според евиденцијата на РКЕ.