19 Мај, 2024
0.0315

ЕДНА ГОДИНА ОД ВЛАДА: Kaде е денес македонскиот работник?

Објавено во: Економија 01 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Во средата премиерот Зоран Заев даде отчет за сработеното за една година, но дали во пракса работниците чувствуваат дека дошол животот, како што се ветуваше во кампањата. 

Рубинчо Аризанкоски, секретар на Здружението Достоинствен Работник од Прилеп, вели дека напредок во однос на положбата на работниците сепак има по една година од смена на власта. 

Владата ја зголеми минималната плата на 12 илјади денари, има зголемување на просечната плата во текстилната индустрија за 24 проценти, финансиска поддршка има за стечајните работници, кои дел од нив немаат добиено сè уште покрај негативните решенија од страна на Агенцијата за вработување, а ги исполнуваат условите. Но, исто така потенцирам дека со само тригодишно работење на Здружението Достоинствен Работник заедно со работниците увиде низа на неправилности и прекршувања на Законот за работни односи, необезбедени здрави работни места, зголемување на сиромаштијата, зголемена сива економија, дискриминација и мобинг, непочитување на Законот за минимална плата, недоволно функционален социјален дијалог на национално и локално ниво, итн“- вели тој. 

Сепак, има уште многу да се работи на ова поле за унапредување на правата на работникот.  Во Република Македонија сè уште не се почитуваат работничките права, додава Аризанкоски.

„Колективните договори и општиот колективен договор во приватниот сектор се минимизирани од страна на работодавачите и не се унапредуваат работничките права и нивната безбедност при работа. Недоволната активност на синдикатите и нивната меѓусебна комуникација и соработка е ставена на ниско ниво. Работниците и јавноста немаат доволно доверба во нивната работа и транспарентност. Синдикатите не се грижат доволно за младите работници кои според Законот за работни односи се заштитени. Работодавачите во приватниот сектор ги искористуваат нивните капацитети во различни дејности (угостителство, трговија, текстилната индустрија, земјоделство, итн) не сметајќи на нивната безбедност и достоинство. Како здружение сметаме дека сите заедно во општеството треба да се зафатиме за радикални работни промени, за здрава работна средина, за еднаква примена на законот и правната сигурност. Како здружение апелираме до синдикатите во Македонија да организираат и спроведат социјални избори каде работниците ќе го дадат својот глас на синдикат кој ќе им даде доверба, унапредување и заштита на работничките права. Министерството за труд и социјална политика во наредниот период мора да иницира координативни работни средби со Националниот Економско-Социјален Совет и граѓанските организации за донесување на нов Закон за работни односи кој ќе има цел за унапредување на правата и правната сигурност на работниците, а не само да се прават измени и дополнувања на истиот кој е во интерес на работодавачите“ – вели Аризанкоски. 

Премиерот Заев на отчетот рече дека Македонија е земја на економски раст и раст на плати. Заев вети повеќе пари кај граѓаните и дека градат држава по европски правила. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа