17 Мај, 2024
0.0282

Единствено во Охридска банка Сосиете Женерал депозит или трансакциска сметка плус осигурување

Објавено во: Мои пари 22 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Охридска банка Сосиете Женерал го збогатува своето портфолио на производи со осигурување и воведува две нови уникатни понудина македонскиот пазар со кои иматели на денарска трансакциска сметка и  депоненти со орочени депозити во денари добиваат плус и осигурување на лица.

Единствено во Охридска банка Сосиете Женерал, клиентите кои се иматели на денарска трансакциска сметкаили имаат денарски орочен депозит во банката добиваат дополнителна можност за осигурување, со што во случај на  настан кој го покрива осигурувањето добиваат поголема сигурност и финансискапоткрепанасемејството.

Постер TRS i Depozit

Во соработка со осигурителната компанија Граве Осигурување, секој имател на денарска трансакциска сметка во Охридска банка Сосиете Женерал за осигурителна премија од само 1 евро месечно по полиса добива можност за осигурување при што Охридска банка Сосиете Женерал, во случај на осигуран настан, му овозможува на осигуреното или назначеното лице финансиски бенефит што ќе биде исплатен на неговата сметка како: итен еднократен надомест од 500 евра по осигурување и вкупна сума еднаква на приливите на денарската трансакциска сметка на осигуреникот во последните 12 месеци пред датумот на случување на осигурениот настан, но не повеќе од 2500 евра по полиса.

Охридска банка Сосиете Женерал овозможува за осигурителна премија од само 2 евра месечно по полиса осигурување на лица - депонентите со денарски орочени депозити, со што во случај на осигурен на стан клиентот добива финансиски бенефит кој ќе се исплати на сметка на осигуреното или назначеното лице во форма на: итен еднократен надомест од 500 евра по осигурување и вкупна сума еднаква на износот на денарскиот орочен депозит на осигуреникот на датумот на случување на осигурениот настан, но не повеќе од5500 евра по полиса.

Клиентот може да аплицира за максимум 3 полиси, а во зависност од нивниот број при настанување на осигурениот на стан добива удвоена или три пати поголема сума.  Полисата на Охридска банка Сосиете Женерал и Граве Осигурување  ги покрива следниве ризици: смрт како резултат на несреќен случај, трајна и целосна загуба на способноста како резултат на несреќен случај и смрт како резултат на болест.

Депозит или трансакциска сметка плус осигурување клиентите можат да добијат во било која експозитура на Охридска банка Сосиете Женерал со брзо и лесно аплицирање, за чие одобрување е потребен само  еден ден, а начинот на плаќање на месечната осигурителна премија  е едноставен и оди директно преку денарската трансакциска сметка на клиентот. Повеќе информации на www.ohridskabanka.mk и www.graweskopje.com.mk

Можеби ќе ве интересира

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!