Град Скопје се простува со колегата кој не преживеа во автобуската несреќа
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2019
Триесет и седумгодишниот Зоран Давидовски кој е еден од починатите во трагичната сообраќајна незгода што се случи вчера е вработен во град Скопје. Со жалење за прерано загубениот живот, од кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов денеска информираа дека Давидоски бил вработен во Град Скопје од 2011 година на повеќе раководни позиции, а од 2014 бил раководител на Секторот за сообраќај.
„Град Скопје со тага ја прими веста за прераната и неочекувана смрт на својот колега и пријател Зоран Давидоски, кој трагично го загуби својот живот во вчерашната сообраќајна несреќа што ја потресе целата држава.
Сите вработени во Град Скопје сочувствуваат со семејството и жалат за загубата на својот почитуван колега, вреден соработник и драг пријател, стои во објавата од град Скопје.