26 Април, 2024
0.0266

Eден од најталентираните играчи во својата генерација потпиша дoговор со Голден Арт КЛ7

Чекор по чекор Ѓорговски, ракометно, порасна во КЛ7 Струга каде ја надогради основата во ракометот.

Објавено во: Мои пари 01 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Младиот стружанец Емилијан Ѓорговски според многумина е еден од најнадежните млади ракометари во Македонија следните години ќе биде дел од најмладиот ракометен клуб во земјава Голден Арт КЛ7. Роден е 2002 година, кадетски репрезентативец на Македонија, а во ракометот е од својата 12 година. Своите почетоци ги имаше во школата на професорот Јаковче Матлиески, а од 2016 Ѓорговски е во КЛ7 Струга каде ги помина сите селекции од пионерска, преку кадетска до младинска. Најдобар пример за ракометниот развој на децата под капата на големото семејство КЛ7 каде се работи под мотото "Ракомет за секое дете".


Чекор по чекор Ѓорговски, ракометно, порасна во КЛ7 Струга каде ја надогради основата во ракометот. Желбата и талентот се само помагатели во развојот на секој играч, но дисциплината во текот на тренажниот процес, учење на "лекциите" од терен и максимално посветување ,се приматот во раснењето и патот до најсилната лига.

Ѓорговски како дете кое својот развој го имаше во КЛ7 Струга минатата натпреварувачка сезона 2018/19 учествуваше во три завршни турнири и беше шампион во кадетска конкуренција. Од оваа година ќе дебитира во супер лигата бранејќи ги боите на Голден Арт КЛ7. Заради неговите години ќе може да настапува во кадетска и младинска екипа во зависност од потребите на клубот.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет