Џон Болтон со барања до Русија за подобрување на односите
Објавено во: Свет 20 Април, 2018
Новиот американски советник за национална безбедност Џон Болтон на состанокот со рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, му ги набројал барањата на кои треба да се поработи за да се подобрат односите помеѓу двете земји.
Порачал дека Москва мора да преземе нешто во врска со наводното мешање во изборите во САД, нападот со нервен гас во Британија и ситуацијата во Украина и Сирија како услови за подобрување на односите меѓу двете земји.
69 годишниот Болтон кој порано беше амбасадор на САД во Обединетите нации се залагаше за предупредувачки напади врз Северна Кореја и за војна против Иран.