Џим Кери се откажа од акциите на Фејсбук поради руското мешање
Објавено во: Финансии 08 Февруари, 2018
Џим Кери е првиот холивудски актер кој јавно се откажа од социјалната мрежа Фејсбук, па освен што го избриша својот профил реши и да ги продаде акциите кои ги поседува од оваа компанија поради руското мешање со ширење на пропаганда преку „фејк“ вести за време на американските претседателски избори на кои победи Доналд Трамп.
„Треба да поттикнеме поголем надзор од сопствениците на социјалните мрежи“, рече Кери. „Овој лесен пристап треба да се води поодговорно. Она што ни треба во моментов, се инвеститори активисти кои ќе испратат порака дека е потребен одговорен надзор“.
Кери не кажува колку има акции во „Фејсбук“ и колку продал.
Во твитот на ѕвездата, исто така, фигурира и #unfriendfacebook хаштагот.
Социјалната мрежа призна дека околу 126 милиони лица виделе купени реклами од Русија , кои имале за цел да влијаат на американските избори. Покрај тоа, компанијата соопшти дека нејзините алгоритми препорачувале содржини генерирани од руски агенти.