ЏЕК МА прави нова компанија: Во што милијардерот ќе вложи нова тура милијарди?
Објавено во: Економија 27 Мај, 2017
Интернет гигантот Алибаба планира да вложи милијарди долари во компанија за достава на храна Ele.me.
„Ele“ е вредна 5,5 милијарди долари, а со оваа инјекција Алибаба би достигнала 6 милијарди и така ќе стане највредна компанија од тој тип. Инаку, уште сега е една од најголемите која работи на огромен пазар на достава на храна во Кина.
Кога се склопи целата работа, ова ќе биде втора најголема инвестиција на кинската стартап сцена, прва била во Диди, кокурентот на Uber.