„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски
Објавено во: Македонија 25 Април, 2024
Во Македонија на 75-годишна возраст почина Велибор Џаровски, еден од највлијателните луѓе во фудбалот на поранешна Југославија. Семејството потврди, а македонските медиуми објавија дека починал човекот кој го нарекоа „кралот на фудбалот“, а кој првенствено беше познат по местење натпревари!, пишува српски Мондо.рс
Џаровски беше еден од првите во Југославија кој јавно проговори за местењето, а сега почина по кратко боледување. Покрај тоа што се занимаваше со фудбал и нелегалните активности околу него, тој е познат и како менаџер на забави. Во осумдесетите ги претставуваше сите најголеми ѕвезди - Здравко Чолиќ, Бијело Дугма, Миша Ковач, Тереза Кесовија...
Во многу подоцнежни јавни настапи тој кажа дека првиот меч што го наместил е дуелот меѓу Југококта и Тиквеш и на тој дуел им платил на играчите да ја играат играта како што сака. Тој дури отиде дотаму што рече дека, според неговото сведочење, наместил натпревар од пониска лига во Македонија за да заврши 134:0, далечната 1971 година.
Мондо.рс