16 Мај, 2024
0.0286

ДВЛМ ги поддржува шампионските предизвици на Игор Стефановски Иџе

Објавено во: Мои пари 29 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Државна видео лотарија на Република Македонија  од март, започна соработка со европскиот првак  Игор Стефановски Иџе. Миленикот на македонската публика, минатата година, веќе втора сезона по ред, се потврди како Европски шампион на ридски патеки. Тој е исправен пред нов предизвик, ќе вози во ЕТЦЦ шампионатот од следниов викенд.

Idze

Стефановски  е амбициозен спортист со врвни резултати, кој ја одразува нашата општествено одговорна  политика за поддршка и поттикнување на македонскиот спорт.  Од овие причини, Државна видео лотарија на Република Македонија во 2016 ги поддржува шампионските предизвици на Стефановски.

Најдобриот македонски автомобилист од викендов го започнува својот историски предизвик- старт на ЕТЦЦ шампионатот, што е едно скалило под ВТЦЦ. Од Франција, ќе ја стартува својата прва трка, која викендов ќе се вози на патеката „Пол Рикард“. По трката во Франција, следат трките во Словачка, Германија, Португалија, Франција и Италија. Мотив за Иџе ќе биде наградата за прво место, затоа што шампионот во оваа конкуренција ќе добие возачко место во ВТЦЦ.

sliki od pres 2

„Дојде денот, јас и  мојот тим да го оствариме она што го работевме со години. Да почнеме ново скалило во мојата кариера, едно од најпрестижните во светот. Се излезе многу брзо и непланирано, се надевам ќе ја преставиме Македонија како што треба. Имавме малку време за тестирање, но веруваме во  добар пласман. Ќе биде тешко, бидејќи кружните патеки не ги возам од 2007. Добро е што имаме професионална поддршка од тимот на ЛЕМА рејсинг, планираме да освоиме што повеќе бодови, па и да победиме на една трка„- изјави Стефановски на денешната средба со медиумите.

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

Што да очекувате од пазарот на недвижности во иднина?

Што да очекувате од пазарот на недвижности во иднина?

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка