19 Мај, 2024
0.0274

ДВЕТЕ НОВИНАРКИ НА ФОКУС ЗА СТАМЕНКОВСКИ: „Време е да се издвојат новинарите од натрапниците во професијата“

Објавено во: Македонија 07 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Новинарките на „Фокус“ Ирена Мулачка и Валентина Вурмо, по денешното рочиште против сопственикот на „Доказ М“  Марјан Стаменковски, кој е обвинет за повеќе кривични дела – ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и злоупотреба на лични податоци, порачаа дека е крајно време е да се знае кои се новинари, а кои се натрапници во професијата и рекетари, пренесе Фокус.

Како што е познато, на ова судење кое почна денеска, обвинителката Зорица Павловиќ побара, а судијката Марија Клетничка одлучи јавноста да биде исклучена од почетокот до крајот на главната расправа, бидејќи на неа ќе се изнесуваат лични детали од животот на оштетените. Покрај двете новинарки на Фокус, во судницата се појавија уште четворица оштетени сведоци. 

„Очекувам правдата да биде задоволена, обвинетиот да се најде онаму каде му е местото и еднаш засекогаш да се знае кој е новинар, а кој е рекетар“, рече Мулачка по завршувањето на рочиштето.

Вурмо, пак, изјави дека бројот на оштетни ги надминува луѓето што денес беа присутни во судот.

„Од предметот очекувам конечно да се издвоиме кои се професионални новинари, а кои натрапници во професијата. Поголеми очекувања имам од вториот предмет на обвинителството за Стаменковски, очекувам да покаже кои биле нарачателите и посредниците, односно кои плаќале за да се објавуваат лажни текстови,  и се надевам и тие да се најдат на обвинителна клупа“, рече Вурмо.

Стаменковски беше приведен на 9 февруари годинава и му беше одреден притвор, а во неговиот дом имаше претрес и беа одземени документација, мобилни телефони и други електронски уреди кои сè уште се вештачат, како и поголема сума пари.

Инаку, денеска само што почна, се одложи судењето за сопственикот на порталот Доказ, Маријан Саменковски. Неговите адвокати побараа изземање на сите обвинители од Скопје со барање предметот да го преземе обвинител од другите градови во земјава. Рочиштето е одложено за друг термин бидејќи сега треба да се разгледа барањето на одбраната.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“