Две лица се приведени за лажната дојава за подметната бомба во Сити мол
Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2020
Славјанка Петровска дополнителната министерка за внатрешни работи, информира дека две лица се приведени за лажното пријавување на подметната бомба денес во трговскиот центар Сити мол. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава, информира Петровска.
Во Сити мол денеска имаше евакуација на граѓаните, поради дојава за поставена бомба.
Потоа се утврди дека се работи за лажна пријава.
Трговскиот центар сега функционира нормално.