Добивај вести на Viber
Околу 2,3 милиони луѓе , од кои една третина ќе се туристи , најверојатно ќе има на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро во новогодишната ноќ. Според градоначалникот на бразилската метропола, толку луѓе ќе присуствуваат на популарните огномет и концерти на отворено.
Рекордот по посета на Копакабана беше во јули , кога папата Францис беше на форумот на католичката младина во Рио де Жанеиро и на ноќната миса на плажа присуствуваа околу 3 милиони луѓе . Градското собрание соопшти дека традиционалниот новогодишен огномет ќе започне на полноќ и ќе трае 16 минути.
Околу 24 илјади ракети со вкупна тежина 24 тони , ќе бидат истрелани од 11 летачки платформи на 400 метри од плажа , како мерка за безбедност. Според градските власти од очекуваните 700 илјади туристи , 45 илјади ќе гледаат од одборот на девет бродови и други барем 250 помали пловни објекти.
Хотелите во Рио се зафатени 90% и властите очекуваат 614 милиони долари приход од славењето . Кариоки ( како што го нарекуваат жителите на Рио) , облечени претежно во бело , потоа ќе ги упатат своите дарови од цвеќиња за божицата на морето во афро- бразилскиот култ Кандомбле .
Култот е еден од многуте афро- индијанско шамански култови со викање и привлекување на духови. За безбедноста на плажата ќе се ангажираат 1826 општински чувари и 1522 полицајци, како и минимум 350 пожарникари.