Два града многу високо загадени - граѓаните да не излегуваат
Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2019
Тетово и Битола вечерва се многу високо загадени, покажуваат податоците на Министерството за животна средина.
Во Тетово има 100 Пм честички на 100 микрограми, а во Битола 127 ПМ на 100 микрограми, покажува апликацијата Мој воздух.
Кавадарци, Струмица и делови од Скопје се високо загадени, а средно загадени се Кочани, Куманово, Кичево, Гостивар.
Дебар е ниско загаден.
Скопје е 7-ми најзагаден град во светот, покажува air visual.