19 Мај, 2024
0.0382

ДУРИ 500 МИЛИОНИ ЕВРА - толку изгубиле од вредноста топ 10-те македонски компании поради кризата

Објавено во: Економија, Корона Вирус 24 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Дури 500 милиони евра. Толку паднала вредноста на топ десетте македонски компании на Берзата за нецели три недели, откако и нашиот пазар на капитал со соочи со кризата и падот на цените на акциите предизвикани од коронавирусот.

Фактор направи анализиза, врз основа на податоците за пазарната капитализација на компаниите што го сочинуваат берзанскиот индекс МБИ 10, правејќи споредба меѓу цените по кои акциите се продаваа вчера, и оние што акциите ги имаа на 5-ти март, кога практично беше пикот на највисоки цени во овој период, по што Македонската берза почна да оди во црвено, исто како и пазарите на капитал во светот.

А за да биде појасно, пазарната капитализација всушност е бројот на акции кои ги има едно акционерско друштво, помножени со нивната цена. Или, поедноставно, таа покажува за која сума би се продале на берзата сите акции на одредена компанија, под претпоставка сите тие да се продале во еден исти ден.

КОЛКУ БИ СЕ ПРОДАЛЕ ВЧЕРА, А КОЛКУ НА 5-ТИ МАРТ

Таа анализа говори дека доколку сите акции на топ 10-те македонски компании кои го сочинуваат Македонскиот берзански индекс МБИ 10, се продале на 5 март, за нив би се зела сума од близу две милијарди евра, или точно 1,997 милијарди евра. 

Наспроти ова, доколку сите акции на десетте компании се продале вчера, за нив би се добил износ од 1,497 милијарди евра.

Или, разликата е прецизно 499,89 милиони евра во пазарната капитализација за само 18 дена, односно толку таа паднала на 23 март, во споредба со 5-ти истиот месец. 

Поедноставно кажано, македонските компании изгубиле 500 милиони евра од вредноста на берза за само 18 дена.

Да одиме по ред која компанија за колку има намалување на пазарната капитализација.

На 5 март моќниот телекомуникациски оператор „Македонски телеком“ имал пазарна капитализација од 498,7 милиони евра. 

До таа сума се доаѓа ако се помножи бројот на издадени акции на ова АД, односно 95.838.780, со просечната цена по која се продавале акциите на компанијата на 5 март, а која изнесувала 320 денари за акција. Доколку, пак, истиот број акции се помножи со 275,93 денари за акција колку што била просечната цена на оваа компанија вчера, нејзината пазарна капитализација изнесувала 430 милиони евра. 

Значи, разликата меѓу вредноста за 18 дена е 68,7 милиони евра.

Истата постапка ја применивме и за другите девет компании од МБИ 10.

Стопанска банка Скопје има пад на вредноста од 115,8 милиони евра. Или, нејзината пазарна капитализација на 5 март била 354,8 милиони евра, во споредба со 239 милиони евра вчера.

Фармацевтскиот гигант „Алкалоид“ на 5 март тежел 303,3 милиони евра, додека вчера неговата пазарна капитализација се намалила на 195,6 милиони евра. Или, оваа компанија има пад на вредноста на акциите за 107,7 милиони евра.

Вредноста на сите акции на Комерцијална банка на 5 март достигнала 293,2 милиони евра, што значи дека вчера имала пад за 78,6 милиони евра, бидејќи во текот на вчерашниот ден нејзината пазарна капитализација изнесувала 214,6 милиони евра.

НЛБ Банка на 5 март вредела 258,7 милиони евра, додек вчера пазарната капитализација и била 219,4 милиони евра, што значи дека падот изнесува 39,3 милиони евра.

Нафтениот дистрибутер „Макпетрол“ на 5 март имал пазарна капитализација од 140,8 милиони евра, за вчера таа да се симне на 98,8 милиони евра, или, намалувањето е за 42 милиони евра.

Градежната компанија „Гранит“ на 5 март имала пазарна капитализација од 59,9 милиони евра, што е намалување за 23,6 милиони евра вчера, кога вредноста на сите акции на оваа компанија се симнала на 36,3 милиони евра.

Кај „Македонија Турист“ пазарната капитализација на 5 март била 41,9 милиони евра, и кај неа има намалување за 10,9 милиони евра.

Вредноста на сите акции на ТТК Банка на 5 март изнесувала 24,7 милиони евра или има намалување на пазарната капитализација за 6,8 милиони евра.

И, кај Стопанска банка Битола пазарната капитализација на 5 март изнесувала 20,5 милиони евра, односно имала намалување за 6,5 милиони евра.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?