Дунав замрзна крај Силистра
Објавено во: Балкан 21 Јануари, 2017
Главните патишта од Силистра за соседните области се проодни.
Дунав крај Силистра е замрзнат. Нивото на реката се зголемило со 3 сантиметри и е 313 сантиметри.
Затворен е патот од село Черногор за .Главиница.
На патиштата меѓу селата Окорш, Паисиево и Главинца постојат ограничувања за автомобили до 3,5 тони.
Ограничувања за автомобили над 12 тони има на третокласните патишта.
Во текот на овие поларни студови, Дунав повеќе пати замрзна по течението.