02 Мај, 2024
0.2844

Дубаи е затрупан со напуштени луксузни возила, некогаш вредни и по милион долари

Објавено во: Стил 26 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Има градови кои страдаат од високото ниво на криминал, во други е тешко да се најде живеалиште на пристапна цена. Во Дубаи пак има друг проблем. Арапските Емирати се борат со непријатност од друг вид: напуштени луксузни спортски автомобили оставени речиси насекаде во градот. Пред неколку години Дубаи беше центар на нафтената индустрија и претставуваше многу динамичен пазар. Многу богати странци го искористија тоа, за да си купат „Porsche“, „Corvette“ или луксузно „BMW“. Но во Дубаи стигна економската криза и недвижен имот, чии цени постојано растеа, одеднаш се сринаа надолу во 2009 година Оттогаш странците и многу локални жители ги напуштаат своите имоти секоја година, обземени од паника при помислата дека нема да можат да плаќаат за земените кредити- во Дубаи за неплатените долгови, дури и за само еден чек без покритие прети затворска казна. Затоа сопственицита на луксузни автомобили кои си заминаа ги оставија да стојат на паркингот на меѓународниот аеродром во Дубаи. Некои имаат таблички со името на сопственикот, на други се закачени белешки со извинување, понекогаш дури и клучевите стојат на брава.  Проблемот станува сериозен од 2010 година кога ж0ителите на крајбрежните области редовно се жалат од правливите автомобили кои им ги зафаќаат паркинзите. Така минатата година полицијата се зачуди кога откри напуштен „Ferrari Enzo“ модел од кој има само сто копии низ целиот свет, секоја од нив вредна околу 1 милион долари. Според сајтот „Emirates 24/7“ само во април оваа година полицијата прибрала четириесет луксузни автомобили, напуштени од различни причини. Понекогаш сопствениците на овие автомобили ги напуштат, едноставно затоа што добиле премногу казни за пребрзо возење и поминување на црвено, или затоа што ја напуштиле земјата без да ги платат кредитите. Полицијата доби дозвола да ги чува ваквите автомобили половина година,а ако во тоа време сопственикот не се појави, ги продава на аукција.