28 Април, 2024
0.0260

Држава зависник од туѓи пари

Објавено во: Економија, Колумни 11 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Позајмувањето на 7% од БДП на земјата, откако на крајот на минатата година беа позајмени  270 милиони евра, а во претходната година и 500 милиони евра е крунски доказ за зависноста на актуелната власт од се’ поголеми дози на туѓи пари. Тоа е признание дека власта не може да функционира без позајмици, како што зависниците не можат да функционираат без потребното количество наркотици, се разбира,  до неизбежното колабирање. За жал,  во изминатиот период власта не успеа да создаде економија која ќе расте преку порастот на сопствената акумулација, туку се потпираше врз се’ поинтензивно ангажирање на дополнителна странска акумулација и врз привлекување на странски директни инвестиции. Потценувањето на домашната економија денеска го „враќа ударот“. Аргументите се несоборливи. И буџетскиот дефицит и јавниот долг  растат со значително побрзо темпо од растот на БДП и веќе го задушуваат економскиот раст. Таквиот тренд веќе доведе до ситуација за отплата на ануитетните обврски  да се издвојува толку колку што се создава. Со евентуалната нова обврска од 650 милиони евра, состојбата сериозно ќе се влоши, доколку  земјата не успее да го динамизира растот. А тоа веројатно нема да се случи, бидејќи, од една страна, годинешниот раст  се предвидува дека ќе биде понизок од просекот на претходните години, а од друга старна, со досегашните интензивни задолжувања, се редуцираат можностите за нови задолжувања (или тие ќе станат прескапи) што неповолно ќе се одрази врз динамиката на растот на БДП. Да не зборуваме дека веќе неколку години се забавува и приливот на странски директни инвестиции, а домашните бизнисмени се борат за опстанок наместо за модернизација и проширување на капацитетите што би резултирало со зголемување на националното богатство. Од ЕУ стигна абер дека за стотина милиони евра на Македонија ќе и’се скратат и средствата од ИПА –фондовите. Расправите за стратегијата за фискална консолидација, за буџетските остварувања во минатата година и  за   ребалансот на овогодишниот буџет го соголуваат  карактерот на најавената емисија на нова еврообврзница. Според проекцијата за фискална консолидација и по емисијата на обврзница од 270 милиони евра  годинава нема  никаква економска логика за ново задолжување, а најмалку  за износ од 670 милиони евра. Неразумно е, во сегашнава криза, кога се забавува растот и се намалуваат буџетските приходи, да се зголемува буџетскиот дефицит, повеќе од планираниот и спротивно на стартегијата за фискална консолидација. Намерата е очигледна. Владата, и со новиот премиер, настојува  да ги одржи предизборните ветувања  кон таргетираните поголеми гласачки групи преку  зголемување на  средствата за плати, пензии и социјални надокнади, а ги намалува средствата за капитални инвестиции, за  образование и здравство. Не и’ е гајле за стабилноста и растот. Последиците не ја интересираат. Впрочем, повеќе од проѕирни се намерите на власта, дека со  ново емитуваната обврзница, се планира, досега, невидената изборна корупција, со што актуелната политичка елита има намера по секоја цена да ја задржи власта. Обидот да обезбедат приближно една милијарда евра ( со вклучена камата за позајмените средства)  е со цел да му се помогне на партизираното судство, огрешените пред законот да ја избегнат одговорноста за  нерегуларното работење  во изминатата декада. Тие се свесни дека само со дополнително финансиско „подмачкување“ можат да им ги затворат и очите и ушите на клиентите  кои во нормални системи без размислување би им дале „шут карта“. Во овој контекст, чиста бесмислица е ставот на најголемата владејачка партија дека „еврообврзницата се издава како реакција на политичката криза која СДСМ во етапи ја прави за да се спаси од политички пораз на избори“. По сите правила, за кризите се одговорни властите. И во согласност со тоа, издавањето на еврообврзницата не може да се оправдува со политичката криза во земјата за која, да не е трагично би било смешно, се оптужува опозицијата дека ја предизвикала. По се’ што се објави, бессрамно е да се тврди (бидејќи се потценува интелигенцијата на членството и на пошироката јавност) дека со „емисијата на еврообврзницата се внесува свеж капитал во земјата, кој ќе го гарантира нормалниот тек на економијата“. Или не се разбира што е капитал или свесно се манипулира јавноста. Зошто, ако не се каже, а не се кажува, за кои капитални инвестиции ќе се употребат, тоа значи дека поголемиот дел  ќе се спискаат за тековна непродуктивна потрошувачка. А за власта, за жал, тоа е нормален тек на економијата- да се задоволат потребите  на таргетираните групи за остварување на победа на изборите. Додуша, се признава дека средствата ќе  послужат „за финансирање на две буџетски години“. Но, тоа  значи дека  се обезбедуваат средства за корумпирање на гласачите не само за годинава (за вонредните парламентарни избори), туку и за наредната (за локалните). На тоа упатува фактот што не се прецизира конкретно за што се наменети средствата што се обезбедуваат со обврзница. А нема сомнение дека дури и во криза никој не би се противел доколку тие пари би се користиле продуктивно. Меѓутоа, кога е очигледно дека тие се наменети за изборна корупција, глупаво би било да се остане рамнодушен и да се замиже пред фактот дека властодршците во обид да ја спасат сопствената кожа, на секој од нас, ни криви ни должни, ни нагрбачуваат нова дополнителна обврска, која изразена во евра од нивното освојување на престолот до денеска се зголеми за дополнителни 1500 евра по глава на жител или секое човечко суштество  во државата е „насамаренo“ со борч, за еден ипол пат поголем од оној од пред 10 години. д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка