Државите во ЕУ се согласни да се патува со ковид пасоши
Објавено во: Свет 14 Април, 2021 18:20
Во европското семејство прифатлива е идејата за воведување на ковид пасоши за патување. Земјите од ЕУ се усогласија за заедничкиот пристап за сертификатите за патување, oбјави денеска весникот „Бајеришер Рундфунк”.
Ковид пасошот треба да биде подготвен за примена до крајот на јуни. Пасошот ќе содржи податоци за вакцинирање, резултати од тестови и информации за прележан коронавирус. Земјите во ЕУ мораат сами да одлучат кои ќе бидат придобивките од сертификатот за нив, како што е ослободувањето од карантин. Тие мораат сами да одлучат дали да ги признаат вакцинациите со вакцини што се одобрени само во одредени земји, а не во ЕУ како целина, како што е руската вакцина „Спутник В”. Планирано е сертификатот да се издава бесплатно на хартија или во електронска форма, а сите потребни податоци мора да можат да се читаат преку баркод содржан во сертификатот.
Еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс изјави дека „зелените“ ковид-пасоши ќе се користат сè додека Светската здравствена организација не објави крај на пандемијата на Ковид-19, а авиокомпаниите ќе можат да ги бараат при закажување на летовите. Грција беше меѓу првите земји кои се залагаа за воведување на ковид пасоши.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?





