05 Мај, 2024
0.0298

Државата ќе се „спаструва“ од меѓународни арбитражи и скапи пенали

Објавено во: Економија 20 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Владата на Република Македонија ќе има многу посериозен пристап кон сите договори со компании и правни субјекти во кои се содржат одредби за арбитражна постапка пред меѓународни инстанци со што државата е подложна на плаќање на скапи пенали во одредени случаи. Затоа мора да има разгледување на сите досега склучени договори и да се направи увид во состојбата за да не се доведе државата во неповолна положба. 

Од Владата посочуваат дека е разгледана и усвоена информација за потребата од основање на Координативно тело за следење на арбитражни постапки произлезени од меѓународни договор

„Владата ги задолжи сите надлежни државни органи, акционерски друштва и јавни претпријатија во државна сопственост, до Координативното тело за следење на арбитражни постапки произлезени од меѓународни договори во рок од 10 дена да ги достават сите информации кои ги поседуваат, а кои се однесуваат на склучени договори кои содржат клаузула за арбитража, странки во спорот, вредност на инвестиција и вредност на спорот, дали е иницирана постапка пред арбитража, во која фаза се наоѓа таквата постапка, кои субјекти учествуваат, кои се правните застапници, каде се води постапката, кои се назначените арбитри, како и за други прашања од кои ќе може да се согледа севупноста на проблемот’, соопштуваат од Владата на РМ.

Меѓудругото ова може да се толкува и како обид да се разгледаат обврските на Република Македонија во склучените договори со концесионерите за изградба на рудници, особено тие во југоистокот на земјата каде се случи народен отпор во страв дека ќе има големи закани по животната средина и здравјето на луѓето од загадување со тешките супстанци кои ќе се користат при лужењето на рудата. 


Можеби ќе ве интересира

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји