18 Мај, 2024
0.0299

Дрвокрадците-тепачи на полицајци заработија притвор од 30 дена

Објавено во: Македонија 28 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Дрвокрдците кои тепаа пет полицајци, од кои еден беше тешко повреден, заработија притвор.

По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи –  ОВР Прилеп, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против десет лица од Прилеп поради постоење основано сомневање дека како соизвршители го сториле кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 3 во врска со став 1 во врска со член 22 Кривичниот  Законик.

Осомничените на 24.9.2020 година,  околу 20.00 часот, на стариот пат Прилеп-Велес над манастирот ”Св Ѓорѓија” село Присад, со употреба на сила физички нападнале пет службени лица – полициски службеници од Полициско одделение Чашка, кои вршеле работи на јавната безбедност што се однесуваат на  спречување и откривање на кривично дело и фаќање на сторители на кривично дело. 

„Оштетените полициски службеници при вршење на службени дејствија забележале три моторни возила без регистерски таблици и ги запреле заради проверка. Притоа, едно патничко моторно возило избегало, а другите две патнички моторни возила од кои едното марка Гранд Чироки, а другото марка Лада Нива биле сопрени и било утврдено дека се натоварени со бесправно пресечени дрва. Додека полициските службеници  изготувале службен материјал во врска со постапувањето, пристигнала поголема група лица меѓу кои и осомничените, кои почнале со бејзбол палки, метални шипки, рачки од секири, дрва, камења и други предмети да удираат по петте полициски службеници и службеното возило на полицијата. Од ударите, на еден од полициските службеници му нанеле тешки телесни повреди – скршеница на десна рака и фрактура на главата со обилно крварење, а останатите оштетени се задобиле со телесни повреди изразени со набиеници по главата и телото“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп до судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничените. Судот со решение, на осомничените им определи мерка притвор траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада