27 Април, 2024
0.0337

Драги Рашковски в понеделник ќе го брани фамозниот докторат

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата, в понеделник на правниот факултет „Jустинијан Први“ при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ ќе го брани спорниот докторат за кој во јавноста се тврдеше дека го пријавил во својата биографија пред да стане владин функционер.

„Правниот факултет „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ во Скопје, соопштува дека на ден 25.11.2019 (понеделник) во 15 часот, кандидатот Д-р Драги Рашковски ќе ја брани својата докторска дисертација на тема: 
„Дигитализација и автоматизација на комуникацијата на граѓаните со јавната администрација (со систем за дигитално комуницирање со јавната администрација)“
Одбраната ќе се одржи во салата за состаноци на Правниот факултет „Јустинијан први“ - Скопје (сала за ннс. под деканат)“, гласи огласот на кој налета „Фактор“.

Владиниот критичар Димитар Апасиев претходно го обвини Рашковски дека изнел неточни податоци во биографијата и дека побрзал пред две години да се пофали со наводна втора научна титула „доктор на науки“, иако „никогаш ни до денешен ден го нема одбрането докторатот, ниту пак има добиено позитивна рецензија за истиот“.

Рашковски е избран за генерален секретар на Владата на петти јуни 2017 година кога навел дека на „Јустинијан први“ се стекнал со два доктората насловени: „Остварување на формите на непосредна демократија со помош на информатичката технологија“ и „Дигитализација и автоматизација на комуникацијата на граѓаните со јавната администрација (со систем за дигитално комуницирање со јавната администрација“).

Апасиев за таа прилика рече дека  „според Правилникот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за трет циклус студии, во најдобар случај, меѓу објавениот наслов на дисертација и јавната одбрана на истата поминува една до две години“, па го повика Рашковски да си поднесе оставка од морални причини.

Рашковски во изјава за „Слободен печат“ рече дека докторатите се негова приватна работа и дека му се готови.

„Тоа е приватна работа. Барем не ги оспорува 3-ти магистратури и 1 докторат и 8 патенти и нека ја оспори утрешната награда Амбасадор на знењето од Словенија. Само да не го оспори сребрениот медал и златната статуетка од светскиот саем за иновации“ – изјави Рашковски потоа со одговор за тогашната 1ТВ.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“