18 Мај, 2024
0.0374

Дознајте колку сон ви е потребен според возраста

Објавено во: Стил 11 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Доволната количина на сон е важна состојка на продуктивноста и соодветно на нашиот успех на работното место. Но, како ненаспаноста, така и спиењето можат да бидат штетни.

Ново американско истражување, пренесено од „The ​​Guardian“, открива колку часа е соодветно да спиеме во однос на нашата возрасна група.

Помеѓу 6 и 9 години - 11 часа сон

Меѓу 12 и 18 години - 10 часа сон  (но во никој случај повеќе, може да е штетно за здравјето)

Меѓу 18 и 64 години - помеѓу 7 и 9 часа сон, иако за некои луѓе и 6 часа се доволни

Над 64 години - 7-8 часа сон

Истражувањето е базирано на различни методологии - некои се развиени во лабораториски услови, додека други вклучуваат студии на навиките на големи групи луѓе. Експертите, сепак не го земале предвид квалитетот на сонот (дали, на пример, се будиме ноќе и после долго време не можеме да заспиеме). Ако некои луѓе имаат висок квалитет на спиење, тогаш тие можат да издржат и помалку од наведеното за нивната возраст количество.

„Дури оваа студија сепак не ни кажува доволно. Трошиме една третина од својот живот во спиење, а знаеме толку малку за состојбата“, вели Лидија Донкарлос, еден од научниците кои работеа на истражувањето.