17 Мај, 2024
0.2683

ДОЗНАЈТЕ КАКО УСПЕАЛ: Тајните за успех на Џек Ма

Објавено во: Финансии 27 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Реткост е човек да натрупа 20 милијарди долари само со напорна работа. Џек Ма, основачот на кинеската компанија за онлајн трговија Alibaba, сепак го постигнал тоа. Денес тој е меѓу најбогатите луѓе на планетата, но не дозволил тоа да му го помати погледот кон иднината. Ма е познат и како еден од скромните милијардери, кој ниту за миг не заборавил од каде тргнал. А еве и на што се должи успехот според него самиот.

Џек Ма го почитува односот и ентузијазмот. „Една од моите најголеми грешки на почетокот беше тоа што му реков на тимот, дека можат да стигнат само до менаџерски позиции, а директорите ќе бидат вработувани однадвор. Всушност требаше да им дадам перспектива. Важно е вработените да имаат личен однос кон компанијата“, вели тој.

Тој ги обединува луѓето под една цел. Ма разбира дека луѓето претпочитаат да следат единствена цел, а не само поединец. Визијата, идејата е поважна од лидерот.

Секогаш е еден чекор пред другите. Ма смета дека најдобриот директор на компанијата треба да ја следи конкуренцијата, да има интуиција, и да ги предвидува можните решенија на другите.

Го дефинира неуспехот како откажување. Според Ма „да се откажеш е најголемиот неуспех“. Ако го направиш најдоброто за што си способен, но сепак паднеш, тоа сепак е мал успех, бидејќи те прави поотпорен.

Го сака животот. „Секогаш велам дека не сме родени само да работиме, а за да уживаме во животот. Како и да ги подобриме работите едни за други. Ако го посветите целото време на работата, некој ден ќе жалите“, вели претприемачот.

Не си создавајте непријатели. Еден од најпознатите уникатните аспекти во бизнис филозофијата на Џек Ма е пријателската конкуренција. Тој конкурентите не ги смета за непријатели, туку за луѓе, од кои може да се учи и кои го предизвикуваат да го покаже својот целосен потенцијал.

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!