Доживотен претседател и во САД - Дали Трамп се гледа како Тито?
Објавено во: Свет 04 Март, 2018
Американскиот претседател Доналд Трамп даде уште една нова контроверзна изјава која е невообичаена за американската демократија каде точно се прецизирани сите видови на мандати. Тој смета дека САД може еден ден да има доживотен претседател воодушевувајќи му се на кинескиот претседател Ши Џипинг.
Според Трамп, кинескиот претседател сега ќе владее доживотно и многу добро му одело носејќи огромен развој за својата земја. Ваквата изјава на собирот на републиканците помина во аплауз, а Трамп додал дека и САД може еден ден ќе го пробаат токму тоа.
Либералната јавност во САД е ужасната од ваквите прогнози и веќе има стравови дека Доналд Трамп поседува деспотски и автократски карактеристики кои може долгорочно да и наштетат на американската демократија.
Доживотните претседатели се вообичаени за социјалистичките и комунистичките политички системи кога еден лидер нема конкуренција на еднопартиските избори.