Добивај вести на Viber
Иако метеоролозите за денеска најавуваа сончево и стабилно време на територијата на цела Република Македонија, сепак попладнево ново невреме го зафати подрачјето на градот Скопје.
Дожд со грмотевици, проследен со силен ветер, ја намали видливоста на околу 100-тина метри и предизвика проблеми и за возачите и за пешаците.
Метеоролозите за утре предвидуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Можности за дожд со грмтевици се најавуваат во северо-источните делови на земјата.
Според УХМР, температурата ќе достигне максимални 36 степени Целзиусови, а индексот на УВ зрачење ќе биде 8.