15 Мај, 2024
0.0289

ДОЖДЛИВИОТ ВИКЕНД ДОБРЕДОЈДЕН: Ни фалат уште 30 литри месецов за плодна година

Објавено во: Македонија 10 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Дождот кој паѓаше викендов во Македонија е добредојден по долгиот сушен период, но за да земјоделците имаат плодна и бериќетна година, потребно е месецов да паднат уште триесетина литри дожд на метар квадратен. 

Агрономот Иван Зафировски вели дека доколку до крајот на месецот имаме уште неколку врнежливи денови, тоа ќе биде добро за есенските култури. Дождот во овој период ветува побогат род кај пченицата и јачменот, но и подобра подготовка на почвата за садење на пченка, сончоглед и раноградинарски култури. 

„Вообичаено во март паѓаат по 60 литри дожд, април е нешто посув месец со врнежи од 30 до 35 литри на метар квадратен, а во мај и јуни просекот е околу 50 литри дожд на метар квадратен. Сега по завршување на дождовите е идеално време за да се заштитат посевите со тоа што ќе се третираат со ѓубриво, но и ќе се заштитата од плевели“, раскажува Зафировски. 

Иако оваа зима беше релативно сушна, и немаше снежна покривка низ целата земја, сепак додава дека врнежливата пролет може да ги ублажи последиците од сушната зима. 

„Месеците март, април и мај во поглед на врнежите треба да бидат просечни, односно се очекува нормално количество на врнежи за тие месеци. Секако можни се исклучоци кога ќе имаме и поинтензивни врнежи и циклонски активности. Но, барем засега условите за поголеми временски непогоди се помали“, објаснува метеорологот Славчо Поповски. 

Врнежите од дожд ги зголемија водостоите на реките, но и количеството на вода во акумулациите. Во текот на денот  во источниот дел се очекуваат врнежи од дожд. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното