ДОСТАВЕНИ ПОТПИСИ: Дали Шешељ ќе седне во претседателската фотелја?
Објавено во: Балкан 06 Март, 2017
Српскиот радикал Војислав Шешељ влегува во трка за функцијата претседател на Србија.
Еден од функционерите на Српската радикална странка (СРС), денеска ги предаде потписите за поддршка на претседателската кандидатура на лидерот на СРС, Војислав Шешељ, на Републичката изборна комисија (РИК), јавува дописничката на „Мета“ од Белград.
Кутијата со 14.000 потписи била излепена со плакати со ликот на Шешељ и со натпис „Најдобриот за претседател“.
Шешељ е трет кандидат што ги предаде потписите, а пред него тоа го направија и актуелниот премиер, Александар Вучиќ, и народниот правобранител, Саша Јанковиќ.
Претседателските избори се закажани за 2 април, а ако во првиот круг никој не го освои мнозинството, вториот круг ќе се одржи на 16 април.