18 Мај, 2024
0.2176

ДОСИЕ ЗОРАН СТАВРЕСКИ: Раскината кумска љубов на главниот благајник на преродбата!

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Од корчагинец со одличен 5, со посебен афинитет кон математиката, до еден од најекспонираните функционери во Владата на Вмро-Дпмне задолжен за јавните финансии. Вицепремиерот за економски прашања и министер за финансии Зоран Ставрески, кој важи за човек од доверба на екс премиерот Никола Груевски, но и негов кум, ја напушти Владата. Министерот Ставрески во изминатиот период речиси да исчезна од објективот на камерите и на новинарите, без поголема медиумска присутност. Се повлекува од функцијата, како што соопштија од Владта, поради здравствени причини.

Економист кој се приклонува кон десницата во 1998 година ..

Петкаш од гимназијата “Раде Јовчевски – Корчагин“. На Економскиот факултет во Скопје дипломирал во 1987 година. Ставрески својата сериозна експертска и работна кариера практично ја почнува како советник и шеф на истражувачкото биро во Народна банка Во тој период се жени со Антоанета, која била шефица на кабинетот на тогашниот гувернер Љубе Трпески. Работењето во Народната банка и приклонувањето кон десницата во 1998 година практично се двата клучни моменти за подем на кариерата на идниот познат политичар и владини функционер. По доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 1998 година, Ставрески остварува блиска соработка со Груевски. Во 2001 година на краток период станува потсекретар во Министерството за финансии со кое управуваше министерот Никола Груевски.

gruevski-stavrevski-protoger-jankulovska-1

Но, работата во кабинетот се прекинува со неговото заминување во Светска банка каде работи до 2006 година. Со враќањето во Македонија, Ставрески целосно се посветува на Вмро-Дпмне, станувајќи нејзин најекспониран играч откако неговиот близок пријател а подоцна и кумашин станува премиер. Ставрески станува дел од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  од 2006-та година најпрво на позицијата потпретседател задолжен за економски прашања, а од 2009-та година до сега и на позицијата министер за финансии.

Зоран Ставрески се вртеше и како потенцијален кадидат на Вмро – Дпмне за претседателските избори во 2014 година, но оваа информација заврши како шпекулација.

Задолжен за јавните финасии, креатор на економските политики..

Седнувајќи во министерската фотеља, Ставрески станува клучен креатор на економските политики, со одлучувачки збор за тоа како и каде ќе се трошат буџетските пари. Со доаѓањето на оваа позиција, според досегашните објавени податоци, буџетите се во постојан пораст, заедно со буџетските дефицити. Ваквиот тренд, кој беше критикуван од опозицијата, министерот Ставрески го бранеше со зголемен економски раст и  даночна дисциплина на приходната страна и раст на капиталните трошења, на расходната страна од буџетот.

stavreski nova fabrika_0

Во годината во која тој дојде на челната позиција во Министерството за финансии, економија испорача негативна стапка на раст од 0,4%. Во текот на своето министерување, се соочи со уште една година во знакот на рецесија, 2012 кога БДП изнесуваше -0,5%. Највисоки стапки на раст економијата испорача во 2014 година од 3,5% и лани со раст од 3,7%. Од друга страна, во министерскиот мандат на Ставрески ќе биде забележана и најниската стапка на невработеност но и највисоката стапка на Јавен долг.

Ставрески и Специјално јавно обвинитество …

Како креатор на економските политики, фронтмен во Владата и еден од најблиските луѓе на екс-премиерот Грувески, министерот за финансии не само што беше еден од најекспонираните ликови на политичката сцена, туку и во т.н бомби на опозициската СДСМ.

“Ние додаваме, нон-стоп, толку многу трошоци и обврски да не постои нормална земја у светов, Америка да бевме па ќе, немаше да издржиме. Нема седница на Влада, нема седница на Економски совет, сега и тие комитетите ги креиравме, на секое од тие седници доаѓаат креативни идеи што да се прави. Патеки околу ова, патеки околу она, аква паркови…Не знам што праиме. Мислам, ние сме лудаци. Ние сме лудаци. Ова што го правиме е ненормално. Тоа треба да го разбереме дека е ненормално.Ние трошиме на чоколада а немаме леб дома, тоа праиме ние“, беше една од изјавите во објавените прислушувани материјали, за која СДСМ тврдеше дека е дадена од страна на министерот за финансии Ставрески во разговор со тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

nikola-gruevski-gordana-jankulovska-zoran-stavreski

Во дел од разговорите што ги објави опозициската партија се тврдеше дека Ставрески, освен што зборува за економската состојба, тој е дел и од разговорите за кинеските кредити, кои потоа во јавноста го отворија случајот “Кинески провизии“.

Еден од случаите за кои Специјалното јавно обвинителство отвори истрага беше “Транспортер“, поврзан со трошењата на парите од општинската каса на Битола, а во кој меѓудругите се сомничи и градоначалникот Владимир Талевски. Според СЈО, овој случај се покренува по објавените разговори, во кои како што тврдеше опозициската СДСМ, зборува токму министерот Ставрески.

“Направи проблем со превозниците на учениците со коруптивен договор од 2010 со десет пати повисоки цени и наместо да го покрие криминалот се жали дека министерството за образование не му дава доволно средства“, наводно зборува министерот Ставрески со тогашната министерка Јанкуловска.

Кумови и  кумашини …

Близината меѓу Ставрески и Груевски се гради во 1998 година, кога двајцата како економсти практично важат за перспективно јадро на десницата. Но нивното пријателство датира во претходните години,  кога Груевски работи во Балканска банка а Ставрески во Народна банка на Македонија ,  каде што се вработува во 1993 година и работи до 2000 година. Пресвртница е 2001 та година, кога Ставрески станува дел од кабинетот на Груевски, тогаш министер за финансии. Ова пријателство го доживува својот пик по враќањето на Ставрески од Вашингтон, каде работи за Светска Банка.

Stavreski Gruevski by MIA

Во 2006 година тој влегува во валдиниот состав предводен сега веќе од премиерот Груевски. Професионалната близина прераснува во пријателство кое крунисува со кумство. Ставрески станува кум на премерот Грувески на неговата свадба во 2007 година. Откако Ставрески станува венчален кум на најмоќниот човек во државата, нивното пријателство, зајакнато со кумство, практично во бизнис-политичките кругови се коментираше како нераскинлива релација во која едниот на другиот му го чува грбот.

Официјално, здравствената состојба причина за оставката…

Вицепремиерот и министер за финасии Зоран Ставревски си поднесе оставка по 10 години, од кои три години како вицепремер а седум и како министер за финансии. Во официјалното образложение за оставката се наведуваат здравствени причини. Дали здравствените причини се само покритие на она за што сите зборуваа, дека нетрпеливоста меѓу него и Груевски веќе била голема.

“Здравствените проблеми со кои се соочувам и советите на лекарите упатуваат на тоа дека постои неопходност од подолго лекување и опоравување, заради што јас нема да сум во можност да ја обавувам функцијата министер за финансии и потпретседател на владата на Република Македонија“, вели Зоран Ставрески во оставката и додава:

“Ми беше задоволство да бидам дел од овој економски тим, кој со голем жар ентузијазам одготворност и посветеност работеше за Македонија и донесе резултати кои многу граѓани ги почувствуваа, тргнувајќи од сериозното намалување на невработеноста, значително подобрување на бизнис климата, високи растови на економијата и извозот, носењето на многу инвеститори и водењето здрави макроекономски и финансиски политики. Сето ова е остварено во исклучително тешки години на глобална финансиска криза, европска должничка криза, а еве речиси две години и домашна политичка криза“.

stavrevski_0712_g11-564x272

Од Владата, за оставката на Ставрески соопштија:

“Заради лични здравствени причини, вицепремиерот Ставревски поднесе оставка на функцијата министер за финансии и вицепремиер на Владата, причините се наведени во текстот на неговата оставка и ние тоа го разбираме и почитуваме. Владата истакнува огромна благодарност до вицепремиерот Ставревски за неговата работа, за ангажманот и придонесот кој тој го оствари во реализација на владините мерки, програми, и политики, за што сведочат неговите постигнати извонредни резултати. Му посакуваме пред се добро здравје, и надминување на предизвиците со кој се соочува, а Владата секогаш ќе остане отворена за соработка со личност каква што е тој“.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа