Добивај вести на Viber
По повеќе од 30 години, Србија за прв пат беше посетена од еден кинески претседател. Со црвен тепих и свечени плотуни беше дочекана кинеската делегација, кој за време на тридневниот престој со српските претставници потпиша 22 меѓународни договори. Ова српско-кинеско партнерство од страна на дел од медиумите беше оценето како стратешки “пакт“ кој може да донесе пресвртница на балканот. Каде е Македонија во инвестициската приказна “Пат на свилата“?
Србија го сака западот, а склучува “бизнис-пакт“ со истокот ….
По седум години интензивни преговори, меѓусебни посети, средби и планови, Србија и Кина ставија параф на бизнис зделки и идни планови вредни стотици милиони евра. Кинескиот претседател Кси Џинпинг со српскиот колега Томислав Николиќ, ја потпишаа изјавата за стратешко партнерство, со што наштиот јужен сосед ги отвори вратите за кинескиот капитал.
„Србија и Кина се сигурни партнери. Од пријателството меѓу двете земји секако ќе произлезат нови економски односи. Кина е држава која од темели го менува светскиот економски поредок, а не се меша во политиката и во воените судири. Мислам дека голем дел од човештвото ви е благодарен за тоа“ - изјави Николиќ.
„Подготвени сме да вложиме напори да го зацврстиме заедничкото пријателство меѓу двете земји кои ги воспоставија нашите постари генерации. Подготвени сме заедно со вас и натаму да го подигнуваме нивото на пријателските односи“, порача кинескиот претседател Кси.
Посетата на кинескиот претседател, и најавата дека на есен Србија ќе биде посетена и од рускиот премиер Димитриј Медведев предизвика различни реакции во српската јавност. Дел од медиумите анализираат и прашуваат дали Србија со засилената соработка со источните економски сили и праќа порака на Европската Унија дека има алтернатива.
“Посетатата на кинескиот премиер се случува само неколку дена откако се откажа посетата на Вучиќ во Брисел и Вашингтон, како и скоро десеттина дена откако Србија доби покана од Евро-азиската унија за воспоставување слободна трговска зона. Во овој период се случи и средбата на Вучиќ со Путин во Москва. Сепак мислам дека се претерува кога во сето ова се препознава некој нов надворешнополитички курс на Србија“, семта Милан Чулибрк, главниот уредник на неделникот “Нин“ за Дојче Веле на српски јазик.
За истиот медиум, комeнтаторот Бошко Јакшиќ вели дека сепак Србија со овие потези создава вештачка алтернатива за ЕУ.
“Кинеската варијанта дури е со многу помала важност отколку евроазиската што ја нуди Русија. Мислам дека девете варијанти, од аспект на реално позиционирање, не можат и не би требало да бидат алтернатива за Европската унија“, оценува Јакшиќ.
Според аналитичарите, посетата на кинеската делегација ги остварила очекувањата, особено за инфраструктурниот проект “Брза пруга Белград-Будимпешта“ како и финансискиот договор за превземање на челичарницата “Смедерево“.
Кина го трасира “Патот на свилата“ преку Балканот ...
Кинеската компанија „Hesteel“ за 46 милиони евра стана сопственик на смедервската челичарница за која се промовираа и амбициозните планови.
Според најавите, идниот сопственик планира во фабриката да инвестира 300 милиони евра, да достигне максимално производство од 2,1 милиони тони и да ги задржи сите 5.050 работници. „Хестил“ се смета за еден од најголемите произведувачи на челик во Кина со годишен производствен капацитет од 50 милиони тони и над 120 илјади вработени во светот. Во 2015 година компанијата произвела 47,8 милиони тони челик.
Еден од статешките проекти зад кои застана официјален Пекинг е пругата “Белград-Будимпешта“.
Србија и Кина потпишаа уште 21 меѓудржавен договор, меѓу кои за воено-одбранбената индустрија, економско-техничката соработка, заедничките проекти во инфраструктурата, промоција на туризмот и телекомуникациите, сообраќајот, заеднички вложувања во обновливата енергија и други.
Кинескиот претседател Си Џинпинг вчера изјави дека Србија може да одигра значајна улога во амбициозниот план на Пекинг за нов „Пат на свилата“, односно за зголемување на трговијата меѓу Европа, Азија и Африка.
Кинеската иницијатива предвидува новиот „Пат на свилата“ да поминува од западниот дел на Кина, кон Централна Азија и во Европа преку Балканот.
Од 2009-та година до сега, Кина во Србија инвестирала повеќе од милијарда евра, во проекти од енергетиката и инфраструктурниот сектор.
Имено, српските медиуми пишуваа дека експресната железница, сегашните осум часови пат ќе ги скрати на само час и половина. Според најавата, акцискиот план за овој проект би бил готов до средината на идната година, а реализацијата би траела до 2017-та. Оваа брза железница според најавите, треба да стартува од Солун до Будимпешта а на пругите би се возело со 200 километри на час.
Дел од српските медиуми анализираат дека со инвестициските зафати на Пекинг во Србија, практично земјата се маркира на “Патот на свилата“, односно се станува дел од прокетот чија цел е револуционерна промена на економската мапа на светот. Овој план опфаќа изградба на пруги, автопати, мрежи за пренос и дистрибуција на електрична енергија и оптички мрежи а градовите по должина на оваа траса се очекува да дожвеат економски бум.
Брза железница, електрани, мостови, патишта – во што ќе финансира Кина?
На крајот од 2014 година Србија беше домаќин на четвртиот по ред економско – трговски кинески форум. Киескиот премиер тогаш допатува во Белград со полн куфер проекти за кои официјален Пекинг обајви дека е подготвен да инјектира 10 милијарди долари. На маса седнаа претставници на 16 земји од Југоситочна Европа, меѓунив и од Македонија. Во фокусот на самитот беа инвестициски проекти од областа на инфраструктурата, енергетиката, земјоделството, индустријата, туризмот и транспортот.
Дел од проектите за кои Кина најави дека е подготвена да финансира со поволни кредити се: изградба на индустриска бесцаринска зона, две термоелектрани, мостови, обиколница во Белград и пристаниште на Дунав.
Еден од клучните проекти кои беа предочени беше и изградбата на супер брзата железница на релација Будимпшта-Белград- Солун. Кина ќе направи специјален фонд со 3 милијарди долари кои ќе бидат достапни за земјите од Централна и Источна Европа.
Во Македонија - случај “кинески провизии“
Македонија инаку е прва земја која, од кредитниот колач од 10 милијарди долари, зеде кредит во вредност од 580 милиони евра за изградба на автопатите на исток и на запад од земјава.
Имено, Македонија склучи договор со кинеската “Ексим Банка“, од каде позајми пари за изградба на патната делница Миладиновци-Штип, и на запад, за изградба на автопатот Кичево-Охрид. Реализацијата на изградбата е во тек но проектот се “контаминираше“ откако опозициската СДСМ ги објави прислушуваните разговори поврзани со провизии за кинеските кредити.
Кон крајот на април годинава, во канцелариите на ЈП за државни патишта беше спроведена акција од страна на истражители од Специјалното јавно обвинителство во која тие бараа документи во врска со изградбата на автопатиштата од страна на кинески компании.
“Се работи за предистражна постапка за која не можеме во овој момент да ви обезбедиме дополнителни податоци“, рекоа од СЈО за време на акцијата.
Инаку, на економскиот форум во Белград што се одржа во 2014 година и Македонија беше посочена како земја низ кој би можела да минува “Брзата пруга“ од Солун преку Белград до Будимпешта, но оваа можност за вклучување остана нeразјаснето од страна на македонските власти.
Р.Ф.