18 Мај, 2024
0.0273

Домот – центарот на нашиот свет

Објавено во: Економија 29 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Ништо не може да ни обезбеди такво чувство на сигурност и безгрижност како сопствениот дом. Место во кое ги вгнездуваме своите животи и во кое се проткајуваат нашите семејни приказни, место каде подигаме генерации, се радуваме на новите членови, прославуваме и живееме со полни гради Она што повеќето го посакуваат за себе и за своите најблиски е топол дом во кој ќе го поминуваат своето драгоцено време, место креирано токму според нивните потреби, место полно со хармонија, простор и светлина. Токму тоа го нуди станбениот комплекс  Капитол Резиденс.  Уште веднаш штом ќе влезете ќе ја почувствувате позитивната енергија на просторот и на ентериерот. Лоциран во скопската населба  Аеродром, овој комплекс нуди 72 ексклузивни стана и деловен простор во склоп на комплексот „Капитол мол и резиденс“. За сите животни приказни кои овде ќе се раскажуваат овој комплекс нуди пространи и модерни станови, со разновидни варијанти во распоредот и големината, како студио тип или станови со 3+1 простории, како и апартмани со пространи тераси кои се посебно доживување сами по себе. kapitol Станбениот комплекс Капитол Резиденс е детерминиран да продолжи да го одржува и развива идниот дом на своите станари, правејќи го најдоброто место за живеење и за поминување на нивното драгоцено време. Постои беспрекорна  звучна и топлотна изолација, а материјалите кои се употребени за ѕидовите се од највисок квалитет и тоа: YTONG и KNAUF со нивни помошни матерјали. Посебно внимание е посветено на термиката на самите станови.  Ѕидовите се изведени од ѕидови со дебелина од 20 см и демит фасада со камена волна од производителот КНАУФ (д-8 см) преку која е поставена квалитетна завршна обработка на фасадата. Како дополна на квалитетните ѕидови  во сите простории поставени се алуминиумски прозори и врати со термо мост, а истите застаклени со трослојно стакло од кое едното е и 4 сезонско што овозможува коефициентот на губење на топлина да е помал од единица. Ова на секој станар му овозможува максимална заштеда на енергија потребна за загревање во зимскиот период и ладење во летниот период. kapitol22 Овој комплекс афирмира поинаков квалитет на живеење, комбинирајќи го домувањето со атрактивните содржини на еден современ трговски центар. Влезот за станарите е со посебни лифтови, а тие имаат директна комуникација со Трговскиот центар и со Фитнес центарот, со беспрекорно зачувувањето на дискретноста на домовите и приватноста на станарите. kapitol12 Концептот на овој комплекс е да привлече луѓе кои знаат што сакаат за себе и кои напорно работат за да го постигнат тоа, но во исто време максимално уживаат во животот. Станбениот комплекс Капитол Резиденс е фокусиран пред сè  на задоволството на своите станари, ве поканува да дојдете во посета и да се уверите дека никогаш нема да посакате да заминете од овде.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа