ДОМА НЕ СЕ ВРАЌААТ НИ ЗА БОЖИЌ: Жал ни е што не заминавме порано
Објавено во: Балкан 26 Декември, 2017
Денес младите луѓе кои се иселиле од Хрватска дома не се враќаат ниту за Божиќ за да бидат со своето семејство.
Некои од нив се навикнуваат уште на нови начини на празнување на Божиќ, а има и такви кои велат дека Хрватска воопшто не им недостига.
На Петра од Загреб ова ѝ е втор Божиќ во Даблин, Ирска.
Раскажува дека таму Божиќ е многу искомерцијализиран, а Ирците слават со печена мисирка, шунка и алкохол.
„Нема полноќни миси освен во големите катедрали. Ги укинале пред 15 години затоа што сите доаѓале пијани“ - вели таа.
Додава дека на Бадник сите дуќани се затвораат и не работат до 27 декември, вклучително и јавниот превоз.
За Божиќ ја фаќа носталгија, но сепак не жали затоа што ја напуштила Хрватска.