26 Април, 2024
0.0277

ФОТО: Citroën C-Elysée дојде на македонскиот пазар, видете по каква цена!

Објавено во: Стил 07 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Citroën C-Elysée располага со целокупната техничка и стилистичка умешност на Citroën. Ги задоволува очекувањата на клиентите кои се во потрага по стил и перформанси на еден троделен седан кој истовремено е привлечен и достапен. Ужива во експертизата на марката во смисла на поврзување со подлогата, квалитетот и технологијата на новиот мотор VTi 72 кој е спој на перформанси, контролирана потрошувачка и издржливост. Citroën C-Elysée е дизајниран за да ги исполни очекувањата на меѓународните пазари. Во хармонија со димензиите, линиите на Citroën C-Elysée го истакнуваат неговиот карактер на модерна и пространа лимузина со афирмирана елеганција и цврстина, каде технологијата е во служба на удобноста и на издржливоста. Лицето напред импресионира веднаш со големиот хромиран потпис, кој го истакнува атрактивно извајаниот капак на моторот. Издржливост и перформанси бликаат од неговите широки патови, високата линија на каросерија и од заоблените крила. Целината го истакнува неговото исклучително држење на патот, рекордната внатрешна просторност и огромниот багажен простор. Спој на издржливост и елеганција, Citroën C-Elysée нуди богата и бројна опрема која допринесува за уживање зад управувачот. За удобно и релаксирано возење, регулаторот и ограничувач на брзина може да се активира при долги патувања. Ограничувачот на брзината му овозможува на возачот да ја определи брзината која нема да ја надмине. Подесената брзина може да се надмине единствено со продолжено притиснување на педалот за забрзување. Регулаторот ја одржува брзината на возилото без потреба од активирање на педалот за забрзување. Се деактивира автоматски со активирање на сопирачката, на спојката или пак мануелно. Во град, електричниот серво управувач го поедноставува возењето како и паркирањето. За поголема практичност, далечинското за централизирано заклучување нуди и трето копче за отворање на багажникот. Може да биде опремен со електрика на стакла назад со команди напред. И надворешните ретровизори може да имаат електрично подесување како и греачи. Citroën C-Elysée претставува одлична инвестиција за клиенти кои бараат рамнотежа помеѓу продажната цена и трошоците за користење на возилото. Citroën C-Elysée се позиционира со  атрактивна цена, од 10.490 евра, која е прилагодена на условите на пазарот, не губејќи ништо од перформансите и квалитетот на марката Citroën. Трошоците на употреба се намалени благодарение на економичните мотори, прилагодениот период на одржување и цврсти, издржливи материјали кои лесно се одржуваат

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти