Добивај вести на Viber
Бруто надверешниот долг на Македонија, заклучно со вториот квартал од годинава изнесувал 7 милијарди и 068 милиони евра, со што на крајот од првото економско полугодие тој изнесувал 70,4% од БДП. Ова ниво на Бруто надворешен долг е највисоко што е измерено од 1993 та година.
Според најновите податоци што ги обајви Народната Банка на Македонија, во споредба со состојбата на долгот на крајот на првиот квартал, на крајот од вториот, тој се зголемил за скоро 100 милиони евра.
Од вкупниот Бруто надворешен долг, најголем дел отпаѓа на државата, приватниот сектор и Народната Банка. Така, 1,9 милијарди евра отпаѓаат на државата, потоа скоро 412 милиони евра се надворешен долг на Народната банка и 1,9 милијарди евра на приватниот сектор. На крајот на вториот квартал, раст на надворешниот долг е регистриран кај приватниот сектор и Народната Банка.
Кај државата, најголем дел од долгот или 1,3 милијарди евра се кредити, односно заеми од странство додека скоро 661 милион евра се долг по основ на должнички хартии од вредност. Според критериумот Бруто надоврешен долг како процент од БДП, Македонија веќе е во групата на високо задолжени економии.
Р.Ф.