18 Мај, 2024
0.0283

ДОЛАРОТ И ЕВРОТО ИЗЕДНАЧЕНИ, лицата кои поседуваат долари во добивка, должниците ќе трошат повеќе денари за исплата на долговите

Објавено во: Економија 13 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Прв пат по 20 години, курсот на еврото и американскиот долар се изедначи во вторникот. Вредноста на еврото се намали за 12 проценти во споредба со неговата вредност на почетокот на годината. Со ова еврото се изедначи со доларот. 

Исто така со падот на вредноста на еврата, сега истото има најслаба вредност во однос на доларот од зимата 2002 година, односно од пред дваесет години. 

Состојбата секако е слична и во Македонија. Куповниот курс на еврото (кога европската валута ја откупуваат банките) е повисок од оној на доларот, но продажниот е повисок кај доларот. Тоа значи дека доколку некој (граѓанин или фирма) сака да откупи долари од некоја менувачница, ќе треба да даде повеќе денари на пример за 100 долари, отколку за истиот износ на еврото.

Колку и како промените во вредноста на еврото влијаат врз македонската економија, колку ова ќе ги погоди нашите граѓани, дали треба да се менуваат заштедите во друга валута, или да се купуваат евра додека се поевтини... На овие дилеми, професорот Марјан Петрески за Фактор потенцира дека нема директни и големи последици, туку најголем дел од влијанието е кај компании кои тргуваат во долари. 

Односот меѓу доларот и еврото е рефлексија на состојбата во двете економии, таа на САД и таа на еврозоната, а таа состојба стана особено дивергентна по почетокот на руско-украинскиот конфликт. Американската економија е помалку изложена на последиците од конфликтот и не е зависна од енергентите кои доаѓаат од Русија, туку е енергетски нето извозник. Европската Унија и посебно некои големи економии како Германија се се` уште многу зависни од руските енергенти. Оттука, и перформансите и изгледите на американската економија се подобри, па и реакциите на монетарните политики се различни - укажува професор Петрески. 

Тој додава дека последното зајакнување на доларот е последица на поагресивното зголемување на основната каматна стапка од страна на ФЕД, со цел да се заузда инфлацијата, која во САД е движена во значаен обем и од загревање на побарувачката.

- За разлика од САД, Европската централна банка (ЕЦБ) досега не прибегна кон зголемување на рефернтната каматна стапка, иако го намали откупот на обврзници, додека најавата за зголемување подоцна овој месец е дека таа реакција ќе биде релативно блага, поради поголемиот ризик од рецесија во Европа. Како последица на сето ова, доларот зајакна и скоро се изедначи со еврото, а проекциите се дека апрецијацијата до крајот на годината ќе продолжи - потенцира Петрески. 

Нашиот соговорник појаснува дека промената во вредноста на светските валути, посебно намалувањето на вредноста на еврото, нема да има директни негативни последици врз економијата во земјава. 

- Овие промени за нас немаат особени ниту позитивни ниту негативни ефекти, бидејќи главната изложеност на нашата економија и во поглед на трговијата и во поглед на финансиските текови вклучително и задолжувањето, е главно кон европските економии, односно доминантната деноминација е во евро, а изложеноста во долари е мала. Ефект може да има кај одредени компании кои тргуваат во долари (на пример, во ТИРЗовите), меѓутоа, со оглед дека немам детален увид во билансите на одделни компании, верувам дека тие соодветно ја менаџираат својата девизна позиција. Инаку, генерално ќе искористат лица и компании кои поседуваат долари, а ефектот ќе биде неповолен кај оние кои должат во долари - појаснува Петрески.

Економистите објаснуваат дека пониската вредност на еврото не мора да биде недостаток, иако стоките произведени во еврозоната со ова се поевтини на светскиот пазар, сепак, тоа дури може да биде корисно за земја извозник како Германија, но потенцираат дека проблемот е што енергијата и повеќето суровини на светскиот пазар се пресметуваат во долари. 

Доларот и еврото веќе некое време се приближуваа. Минатата недела разликата беше измерена на 10 отсто, но најавите беа во насока на натамошно приближување и зајакнување на американската валута.

- Еврото ослабе, но може да падне за уште 10 отсто - објави пред една недела банката Сосиете Женерал на глобално ниво, а токму оваа проекција стана реалност. 

Зголемената инфлација, која предизвика најголем скок на цените во САД во последните 40 години, ги поттикна Федералните резерви агресивно да ги зголеми каматните стапки, зголемувајќи ја побарувачката за американски долари. Американскиот долар инаку е „светската резервна валута“ и се смета за безбедно засолниште во време на глобален економски стрес.

- Доларот најверојатно ќе остане посилен од речиси сите валути во овој квартал - изјави Марк Хефеле, главен инвестициски директор во UBS Global Welt Management.

Во однос на домашната валута, денарот, како што посочуваат упатените, се поврзува со стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото како стратегиска определба на монетарната политика за одржување на „де факто“ фиксен девизен курс. Клучниот фактор од кој зависи стабилноста на денарот се девизните резерви, кои се одржуваат на високо ниво и се повисоки отколку во текот на глобалната финансиска криза во 2008/2009 година. 

Уптатените во домашната економија објаснува дека зајакнувањето на доларот на светско ниво би можело да се одрази врз компании што тргуваат и плаќаат во долари.

Објаснуваат оти компаниите што во размената користат долари, особено оние што увезуваат од тамошни региони ќе треба да дадат повеќе денари за увоз на продуктите. Дополнуваат оти нашата економија е генерално насочена кон увоз и извоз на пазарите во Европската Унија, па не се очекува поголемо влијание. Според нашиот соговорник кој сакаше да остане анонимен, може овој раст на вредноста на доларот да влијае врз кредити што се земени во странство и кои се исплаќаат во долари. Според него, овие корисници ќе треба да плаќаат, да одвојат повеќе денари за купување долари, но значајно влијание врз економијата не може да има. 

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра