Доктор Асани открива поради што Куманово е „македонски Вухан“
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Април, 2020 06:52
Недисциплинираноста на населението, враќањето на гастарбајтерите од странство во родниот град и чекањето на резултатите од тестирањето за Ковид 19, по 5 дена на почетокот на епидемијата, според Фатмир Асани, претседател на Здружението на матични лекари Куманово, доведоа до тоа брзо да порасне бројот на заразени во Куманово.
Тој објаснува дека на почетокот се чекало 2-3 дена за да се закаже тестирање, потоа следеле уште 5 дена до добивање на резултатите, а во меѓувреме потенцијалните заразени не ја сфатиле сериозно ситуацијата, се мешале со други луѓе, со што ситуацијата се влоши. Но, додава дека потоа процесот на тестирање се одвивал побрзо. Дополнително Асани објаснува дека голем број граѓани од Куманово, и Липково работат во странство, тие се вратени пред корона кризата да ја зафати земјата и да се воведе државен карантин, со што заразата брзо зема замав. Кумановци и жители на Липково, работат претежно во Германија, Швајцарија, Италија, Австрија, Словенија, Ирак, Авганистан. Според некои неофицијални проценки, градот има околу 10.000 гастарбајтери.
„На почетокот на луѓето им беше срам да се пријават да се тестираат, иако тука нема ништо срамно. Јас како матичен имам закажано тестирање на 15 пациенти, од кои 6 испаднаа позитивни, од Куманово и од Липково. Тие се добри, се опоравуваат. Сега веќе пациентите се добро информирани, учат и тие за вирусот, знаат многу работи. Ако некој се појави со симптоми, ги бараме контактите од луѓето кои со нив комуницирале. Пред градоначалникот Максим Димитриевски да побара карантин, граѓаните ја сфатија сериозно работата. Јас не сум за карантин, мислам дека за две недели ќе се среди состојбата во Куманово, и треба да почнуваме да работиме, да се движиме“, вели Асани.
Тој објаснува дека вирусот и понатаму ќе биде присутен, но опасноста ќе се намали, и народот ќе мора да научи да живее по новите правила.
„Вирусот може ќе биде тука 2 години, ќе го има и понатаму, но ние мораме да внимаваме, да носиме маски, да не се ракуваме, да не се гушкаме, да држиме растојание, што е најважно“, додава Асани.
Во Куманово сега има скоро 400 потврдени случаи на Ковид 19.
Дваесетина жители ја изгубија битката со опасниот вирус.
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители е регистрирана во Куманово со 264,9 заболени на 100.000 жители, објавено е на веб страницата на Институтот за јавно здравје.
Во земјава прво се појавија случаи на коронавирус во Скопје и Дебар, а Куманово иако не се споменуваше како општина каде постои ризик од зараза, или пак дека има позитивни, сепак се случи да почине 57 годишна жена. Таа беше првата жртва.
Сања Атанасовска* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





