27 Април, 2024
0.0281

Дојди, скрши чаши и чинии и ослободи се од напнатоста: Во Скопје се отвори првата анти-стрес соба

Објавено во: Стил 20 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Луѓето практикуваат разни начини за ослободување од стресот и од напнатоста.  Спортот е еден од нив, а многумина го избираат удирањето во боксерска вреќа за да ја истераат лутината од нив.

Постои уште еден начин кој е хит во светот, и се има покажано како доста ефикасен, а сега го има и во Скопје. Облекуваш заштитна опрема, кршиш стакло, керамика и други предмети со чекан или со палка, и излегуваш од анти-стрес собата како нов. Токму ова го нуди местото Smash It Up, во центарот на Скопје на улицата Орце Николов. „Дојдете, сршете, ослободете се од стресот“ е девизата на ова уникатно место.

Кај нашиот домаќин Горан Бошковски ја однесовме манекенката Билјана Јаневска која и самата се увери во делотворноста на овој метод. Билјана кршеше чаши и шолји и откако му испозира на нашиот фоторепортер, му порача на сопственикот на Smash It Up: „Ќе доаѓам овде два пати во неделата.“ 

Повеќе на Женски магазин овде 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти