Додиќ се противи на странско мешање за Дејтон 2 договор
Објавено во: Балкан 24 Декември, 2017
Нема потреба за „Дејтон 2“, оценува Претседателот на Република Српска Милорад Додик смета дека на БИХ не и е потребен нов договор со посредство на странците кој би го надминал Дејтонскиот договор.
Додиќ за предлозите на американскиот конгресмен Мајкл Тарнер за еден вид „Дејтон 2’ . изјави дека се противи на такво мешање и смета дека ако е потребно БИХ сама е способна да најде решение.
– За мене тоа е прифатлив врамениот и оригинален Дејтон. Босна и Херцеговина е далеку од функционална и тоа го гледаме во заедничките институции. Знаејќи како овие конгресмени, сенатори дејствуваат во систем на САД, можно е да станува збор за нечие лобирање. Мислам дека нема потреба за „Дејтон 2“, вели Додик.
Конгресменот Тарнер изрази загриженост дека мирот основан со Дејтонскиот договор е во опасност и повика да се организира нов Дејтонски мировен договор.