14 Мај, 2024
0.0263

Доделени сертификати за тренери за згрижувачи и социјални работници

Објавено во: Мои пари 16 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Денеска  на 22 стручни работници од центрите за социјална работа и Заводот за социјални дејности, како и на 45 постоечки и 17 потенцијални згрижувачки семејства кои ја поминаа обуката според PRIDE програмата, спроведена од посебно обучени тренери од Холандија им беа доделени Сертификати за тренери.

- Со цел зголемување на квалитетот на згрижувачките семејства и обезбедување подобри услови за сместување на децата преку  јакнење на капацитетите на постојните и развивање на згрижувачките способности на  потенцијалните згрижувачи, МТСП го поддржа СОС Детско село Македонија во спроведување на PRIDE програмата во Република Македонија преку вклучување во обуките на стручни работници од Центарот за социјална работа и Заводот за социјални дејности. Сметам дека целите на оваа програма како воведување посебни стандарди за квалитет на грижата за децата и индикатори врз основа на кои ќе се врши мониторинг на згрижувачките семејства и обезбедување стандардизирана рамка за подготовка и избор на згрижувачките семејства се од извонредно значење, истакна на доделувањето на сертификатите министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Обуките се дел од мерките за унапредување на поддршката и грижата за деца кои се без родителска грижа, како правилен избор кој овозможува креирање безбедна семејна средина и планирана иднина за децата, но и развивање на личности кои ќе треба да ја понесат.

Во Македонија има 175 згрижувачки семејства во кои се згрижени 276 деца без родители и без родителска грижа.  МТСП во 2013 година потпиша Mеморандум за соработка со Приватната установа „СОС Детско село„ со кој во рамките на системот на згрижување се преземаа 12 згрижувачки семејства од „СОС детско село„. Месечните трошоци за сместеното дете и трошоците за згрижувачот во овие згрижувачки семејства ги надоместува Министерството согласно со Законот за социјалната заштита и Правилникот за критериумите за избор на згрижувачко семејство, видот и бројот на корисниците кои можат да се сместат во едно згрижувачко семејство и видот и обемот на услугите од социјална заштита што му се обезбедуваат на сместеното лице.

- Надоместокот за трошоците за сместеното дете изнесува 5.000 денари, а надоместокот за згрижување изнесува 1.500 денари. Доколку се работи за дете без родители и родителска грижа и дете со воспитно-социјални проблеми на  училишна  возраст износот се зголемува за 500 денари. За истиот износ се зголемува и надоместокот за згрижување. Надоместок за трошоците за сместување на дете со нарушено општествено поведение и дете со пречки во развојот се зголемува за 1.000  денари. За истиот износ се зголемува и  надоместокот за згрижување, рече Спасов.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти